Гигантските стадиони на кои ќе се игра Светско 2026-та

Веста дека ФИФА ги соопшти стадионите на кои ќе се игра следниот Мундијал 2026 во САД, Мексико и Канада ги заинтересира љубителите на Светски фудбалски првенства, а особено љубопитно се коментираа арените на кои ќе се игра првиот и последниот меч.

Светско 2026 за првпат во историјата ќе се игра во три земји: САД, Канада и Мексико и тоа ќе биде најголемиот Мундијал во историјата - за првпат ќе настапат дури 48 селекции што и не е баш за поздрав ако квалитетот се земе предвид.

60 од 80 меча на Мундијалот 2026 ќе се играат во САД - исто и сите четвртфиналиња, полуфинални средби и финалето ќе бидат во Соединетите Американски Држави.

Мапа на градови во кои ќе се игра Светско првенство:

САД - Сиетл, Сан Франциско, Лос Анџелес, Канзас Сити, Арлингтон, Хјустон, Фоксборо, Њујорк, Филаделфија, Атланта и Мајами.

МЕКСИКО - Гвадалахара, Монтереј, Мексико Сити.

КАНАДА - Ванкувер, Торонто.

НОВ КОНЦЕПТ СО ЕДЕН КУП РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

Светското првенство 2026 за првпат ќе донесе дури 48 селекции кои ќе бидат поделени во 16 групи и во секоја ќе има по три репрезентации. Затоа и толку многу стадиони, односно на секој стадион ќе се игра по една група.

НА КОИ СТАДИОНИ ЌЕ СЕ ИГРА СВЕТСКО 2026?

„МЕТЛАЈФ СТАДИОН“, ЊУ ЏЕРСИ

На оваа гигантска арена, најскапа во САД играат екипите од НФЛ (американски фудбал) Њујорк Џајнтс и Њујорк Џетс. Изградена е во 2010-та година за 1,6 милијарди долари!

Во моментот на градење а ништо чудно и ден-денес да е најскапа арена на светот. Има капацитет од 82.566 места.

„СОУ-ФАЈ СТАДИОН“ - ЛОС АНЏЕЛЕС

Стадионот во Лос Анџелес исто е изграден со заложби на два клуба од НФЛ - Лос Анџелес Ремс и Лос Анџелес Чарџес. Отворен е скоро, во 2020-та година а за неговата изградба биле потрошени помеѓу 5 и 6 милијарди долари! Во февруари 2022-ра година на овој стадион кој собира 70.000 гледачи се одржа големиот Супербол.

„AT&T СТАДИОН“, АРЛИНГТОН

Стадионот во Арлингтон е трет по големина во НФЛ, собира 80.000 гледачи. На него игра Далас Каубојс, најскапиот спортски клуб на светот. Во 2010-та година набрзо после отворањето тука се играше НБА Ол-Стар мечот кој го следеле дури 108.713 гледачи и тоа е највисока посета на еден кошаркарски натпревар (додуше ревијален) во историјата на кошарката.

„ЛИВАЈС СТАДИОН“, САН ФРАНЦИСКО

Домашен стадион на НФЛ екипата Сан Франциско Форти Најнерс. Изграден е во 2014-та за 1,3 милијарди долари. На овој стадион понекогаш има и натпреварувања во борење и шоу на кечери. Се играат и натпревари од НХЛ хокеарската лига на САД како и натпреваро јужно-американската Копа Америка (во 2016-та). Максимална посета е 75.000 места.

„ХАРД РОК СТАДИОН“, МАЈАМИ

Стадионот во Мајами како и секој друг во САД е мултифункционален: на него се игра американски фудбал, рагби, бејзбол, лакрос. Овој стадион дури шест пати бил домаќин на Супербоул. А оваа арена е и популарно место за големи масовни концерти па таму настапувале Мадона, Елтон Џон, Пол Макартни, Род Стјуарт и Ози Озборн.

„МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ СТАДИОН“, АТЛАНТА

Еден од поинтересните стадиони од оваа листа. На него игра МЛС бејзбол екипата Атланта Јунајтед како и НФЛ екипата Атланта Фалконс. 

„ЛУМЕН ФИЛД“, СИЕТЛ

Многуфункционален стадион во Сиетл, отворен во 2002-ра и оваа арена е една од „повозрасните“ на листава. Изградбата чинела 430 милиони долари. Тука игра МЛС тимот Сиетл Саундерс и НФЛ екипата Сиетл Сихокс.

„НРГ СТАДИОН“, ХЈУСТОН

Исто како и оној во Сиетл, и овој прекрасен стадион во Хјустон е изграден во 2022-ра година. Тогаш познат како „Релајант Стадион“ а сега како „Ен-ар-џи Стадион“. Собира 71.000 гледачи а на него игра само Хјустонс Тексанс во НФЛ.

„ЖИЛЕТ СТАДИОН“, ФОКСБОРО

Овој стадион го користат Њу Ингланд Патриотс (НФЛ) и Њу Ингланд Револушн (МЛС). Собира 68.000 гледачи.

„ЛИНКОЛН ФАЈНЕНШЕЛ ФИЛД“, ФИЛАДЕЛФИЈА

Филаделфија Иглз од МЛС фудбалската лига тука ги игра своите домашни натпревари. Овој стадион е отворен во 2003-та година за 512 милиони долари и собира 69.000 гледачи. И на оваа арена ќе се играат натпревари од Светско првенство 2026.

„ЕРОУХЕД СТАДИОН“, КАНЗАС СИТИ

Домашната арена на НФЛ гигантот Канзас Сити Чифс е изградена во далечната 1972-ра година но од тогаш е реконструирана и проширена неколку пати. Од 2010-та година собира 76.416 гледачи а во истата година е поставен и Гинисов рекорд по најгласна бучава од навивачи измерена на 142,2 децибели!

Овој звук е споредуван со звукот на авион кој полетува.

„АКРОН“, ГВАДАЛАХАРА

Екскурзијата се сели во Мексико. Оваа арена е изградена за потребите на фудбалскиот клуб Гвадалахара и на него често игра и репрезентацијата на Мекиско. Изграден е во 2010-та година. Според замисла на архитектите, стадионот требал да потсеќа на вулкан. Собира 50.000 гледачи.

„ЕСТАДИО ББВА“, МОНТЕРЕЈ

Нов, прекрасен стадион изграден за клубот Монтереј. Изграден во 2015-та во подножје на планината Серо де ла Сила. Живописноста околу стадионот е главна одлика на овој стадион. Собира 53.500 гледачи.

„АЦТЕКА“, МЕКСИКО

Еден од најлегендарните светски стадиони на кои два пати се играло финале на Светско првенство: во 1970-та и во 1986-та (култни финалиња прво кога Бразил освоил со Пеле па Аргентина со Марадона). Собира 86.000 гледачи.

Покрај овој прекрасен стадион, има уште еден со две финалиња на Светско тоа е бразилска „Маракана“.

На „Ацтека“ во 2026-та ќе се игра мечот за отворање и групна фаза.

„БИМО ФИЛД“, ТОРОНТО

Домашен стадион на фудбалскиот клуб Торонто кој игра во МЛС лигата. Отворен е во 2007-ма. А во 2015-та го реновирале и го зголемиле капацитетот од 21.859 на 30.991 места.

„БИ-СИ ПЛЕЈС“, ВАНКУВЕР

Главниот стадион на Олимписките Игри 2010. Изграден е во 1983-та а во 2011-та бил масивно реновиран. Оваа арена собира 54.320 гледачи и на неа игра фудбалскиот клуб Ванкувер Вајткапс во МЛС лигата.

КАНДИДАТИ КОИ НЕ ДОБИЛЕ ДОМАЌИНСТВО

На проширениот список стадиони кои поднеле кандидатура за домаќинство на Светско првенство 2026 имало 23 стадиони. Седум отпаднале: Олимпискиот стадион во Монтреал, „Федекс филд“ во Вашингтон, „Емпаер Филд ет Мајл Хај“ во Денвер, „M&T Банк стадион“ во Балтимор, „Нисан Стадион“ во Нешвил, „Пол Бруан стадион“ во Синсинати, „Кемпинг Ворлд“ во Орландо.

Наместо овие седум, места добиле еден канадски стадион и шест американски.

Од Европа на Светското 2026 ќе играат 16 учесници (наместо досегашните 13 репрезентации колку што континентот имаше на Светско 2022).

ЛОГОТО НА СВЕТСКО 2026

6 февруари 2024 - 12:43