Колку чини да си Емили во Париз?

Емили Купер живее живот од соништата во Париз - ако не е чоколаден кроасан, инфлуенсерски настан, или помагање на клиент да се спреми за Модна недела, тогаш е пауза со патување во замоци или Сен Тропе. Колку чини сето тоа? Спојлер: Не се постигнува.

Ајде реално, колку може Емили да заработува на годишно ниво?

Во прва сезона е бренд менаџер, со надеж дека ќе стане сениор бренд менаџер во Савоар. Според Гласдор, моменталната плата на бренд менаџер во Париз е од 41000 до 75000 евра. Савоар претставува луксузни клиенти, па да речеме дека е повисока платата, значи 75000 евра.

По малку е и креатор на содржини - има 25000 следачи што ги стекнува за неколку дена. Бидејќи ја бива за маркетинг, им привлекува внимание на луксузни брендови, што значи може да закачи и некое спонзорство и додатно да заработува. Во просек, инфлуенсер во Париз заработува од 32000 до 45000 евра годишно.

Ако споиме сè, Емили во тотал можеби заработува околу 120.000 евра годишно. што е разумно за луксузирање во Франција. Сепак, троши купишта пари на гардероба, нега на кожа и ресторани.

Од долгорочните трошоци: Изнајмува стан на петти спрат на Плас Де Л‘Естрапад, во петтиот арондисман, каде што стан како нејзиниот би чинел околу 1500 евра месечно. Станарите се одговорни за сметки, па би требало да одвои 80-тина евра за струја и 70 за гас. Додај телефон - околу 20 евра.

Секојдневие: Емили џогира наутро, во маичка од Шанел (2700 евра), Најки патики (120 евра) и хеланки (30 евра). Ланчето во кое што трча е 1500 евра.

А бидејќи учи француски со Розета Стоун додека трча, значи ѝ требаат часови по француски што на апликацијата чинат 15 евра, плус Епл Ерподс (150 евра).

Производите што наводно ги користи за кожа стигаат до трицифрени суми, а нормално, најголем проблем имаме кога ќе стигнеме до плакарот: Внатре меѓу другото има Ру ду Жур топ - 180 евра, минисукња Филозофи ди Лоренцо - 240 евра, и жолт каиш - 450 евра. Едни од многуте чизми се Кристијан Лобутан (2300 евра), а ташната од Ели Сааб ѝ е 940 евра.

Досега, „истражувачите“ од Елит Дејли имаат стигнато до 9864 евра, сосе парфемите, појадокот и превозот плус.

Кафиња, коктели и ручеци, уште пресоблекувања и уште некој прстен понатаму, стигаме до 10,978.

Заклучок? И на 120.000 евра годишни примања, Емили нема шанси да постигне. Ама па, се навикнавме и на тоа.

Затоа што, види:

„Емили во Париз“ лаже по малку, ама Париз е сепак забавен

Емили во вистинскиот Париз

Гледавте втора сезона „Емили во Париз“?

Што погоди, а што утна „Емили во Париз“ - втора сезона

6 февруари 2024 - 00:01