Голманот Оливер Бауман наместо да се докаже пред селекторот Јоаким Лев кој го следеше на натпреварот помеѓу Фрајбург и Хамбург, се истакна со три кикса по кои неговиот тим загуби на домашен терен со 0:3.
Ајнтрахт Франкфурт го освои највредниот трофеј досега во клупската историја откако синоќа на пенали во Севиља го совлада шкотски Ренџерс. Тренерот на германскиот состав Оливер Гласнер има едно мало суеверие кое верува дека му помага.
Во четвртата емисија на новото подкаст шоу, гостува златното македонско коментаторско грло без кој не можеше да пројде ниту еден голем настан од минатиот век. На линковско вклучување се појавуваат Игор Паневски од Доха и Оливер Бранковиќ од Белград.
Тренерот на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман пред еден месец јавно и отворено кажа дека е зачуден „како тоа Барселона да е должна повеќе од една милијарда а троши толку многу за трансфери“. Му рипнаа на германскиот тренер дека не е негова работа да се меша во туѓ двор, а го опомена и Оливер Кан, раководител во Баерн.
Јавниот обвинител на Каталонија покрена обвинение против поранешните потпретседател и директор на фудбалскиот клуб Барселона заради шпионирање на менаџерите, директорите и сите останати вработени во клубот во периодот од 2005-та до 2008-та година.
Како млада и тазе држава по распадот на Југославија, Хрватска одигра историски Мундијал во 1998 и го освои третото место. Впечатоците од тие незаборавни мигови ги раскажуваат Игор Штимац и Ѕвонимир Бобан.
Само неколку дена по судискиот гаф во Серија А кој го обиколи светот и доведе некои федерации да забрзаат со воведување на полуавтоматски офсајд, сериозна грешка падна и во Лига на шампиони.
Арсенал го преброди тешкото гостување кај Вулверхемптон, славеше со 0:1 и освои три златни бода во трката за Лига на шампиони. Ама една јака судиска процена и чудна епизода се зборува на големо.
Милан убедливо со 4-0 го декласираше Лацио во првиот меч од четвртфиналето на италијанската Копа и практично скоро да обезбеди пласман во полуфиналето.
Успешен викенд за поголемиот дел од типстерите кои најчесто ги чекаа Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Интер и Арсенал, а најмногу пцуење имаше за ПСЖ и Милан.
Започна седмото коло од Бизнис лигата на Македонија. Првиот ден од ова коло го одбележа голеадата на Ивица Јанковски од Montenegro кој постигна шест гола против Општина Карпош.
На вториот ден од одигрувањето на натпреварите од првото коло на Бизнис лигата, вицешампионот UNIQA ја потврди фаворитската улога против МЕПСО, а победи славеа и екипите на Глобко Логистик и Гранит.
Во сенка е на Левандовски и важи за еден од најпотценетите, кој пали и гаси како играч од среден ред, крило, втор напаѓач, најистурен напаѓач. Универзален фудбалер кој повеќе од заслужено го има статусот на клупска легенда.
Баерн Минхен се соочува со необичен проблем и сосема неочекуван за господски клуб каков што е баварската гордост. Дел од вработените во кујната штрајкуваат зошто не добиле плата. Според Sport Bild, некои работници дури и не дошле на работа.
Ксенија Павловиќ МекАтир, новинарка кореспондент од Белата Куќа во САД на својот Твитер профил објави дека разговарала телефонски со татко му на Новак, Срѓан Ѓоковиќ и дека тој ѝ кажал дека тенискиот ас е уапсен.
Триесет и пет годишниот француски шпиц Оливие Жиру често е во втор план и во сенка на тешкаши како Левандовски, Бензема, Лукаку... Ама човекот се надава толку многу голови и толку многу евроголови низ кариерата, што стварно е чудно како за него не се зборува повеќе.
Парма го купува Верон за 15 милиони фунти, Милан инвестира во Бироф за да игра во тандем со Веа и дава 19 гола од кои 14 со глава, а Симоне Инѕаги завршува како подобар стрелец од брат му Пипо и од Роналдо. Какви носталгични времиња.
Во натпревар од 1/8 финале против Полска, Килијан Мбапе направи шоу: му асистираше на Жиру, а во вториот дел даде и два убави гола, со што стана прв фудбалер кој постигнал 9 гола на Светски првенства до 24 години.
Во второто коло од најелитниот европски собир на најдобрите екипи немаше некои големи изненадувања, но затоа не изостануваа драматичните завршници, убавата игра за око и индивидуалните потези. Еве што издвои „Еуроспорт" како најзначајно.