Два збора за рускиот рулет на Барса

Тренерот на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман пред еден месец јавно и отворено кажа дека е зачуден „како тоа Барселона да е должна повеќе од една милијарда а троши толку многу за трансфери“. Му рипнаа на германскиот тренер дека не е негова работа да се меша во туѓ двор, а го опомена и Оливер Кан, раководител во Баерн.

Ама она што цел фудбалски свет го мисли а Нагелсман јавно го кажа, сега го потврди и првиот човек, газдата на англиски Лидс Јунајтед, Италијанецот Андреа Радрицани.

Барселона летово пазареше сјајни фудбалери, доведе врвни играчи. Некои како слободни агенти но за огромни плати, а некои преку трансфер. На „Камп Ноу“ дојдоа: Роберт Левандовски, Франк Кеси, Рафиња (бразилски репрезентативен шпиц), Жил Кунде (француски репрезентативен стопер за кого Челси даваше 75 сигурни милиони фунти), Андреас Кристенсен, Пабло Торе Карал и др.

Е сега како ќе плаќаат за тоа:

Дали сте уверени дека Барселона ќе му плати на Лидс за Рафиња?

„Ќе ви кажам на 2. септември. Ако не, тогаш ќе имаме глобален случај, сите светски медиуми ќе пишуваат за Барселона... Така што не знам“.

Од раководството на шпанска Ла Лига претходните денови стигнуваа информации дека Барселона треба прво да подмири претходни долгови за да може да ги регистрира новите засилувања. Новата сезона во шпанска Примера почнува следниот викенд.

 

8 август 2022 - 12:43