Кои се најважни рекорди на сите Светски првенства?

Во натпревар од 1/8 финале против Полска, Килијан Мбапе направи шоу: му асистираше на Жиру, а во вториот дел даде и два убави гола, со што стана прв фудбалер кој постигнал 9 гола на Светски првенства до 24 години.

Оливие Жиру со голот против Полска стана најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација, а Мбапе напредуваше на таа листа.

Ова е добар повод да се потсетиме на други рекорди од Светските првенства. И екипни и индивидуални. 

НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО РАМКИ НА ЕДНО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

1. Жист Фонтен (Франција), 13 гола - СП 1958
2. Шандор Кочиш (Унгарија), 11 гола - СП 1954
3. Герд Милер (Западна Германија), 10 гола - СП1970
4. Еузебио (Португалија), 0 гола - СП 1966
5. Адемир (Бразил), 9 гола - СП 1950
6. Роналдо (Бразил), 8 гола - СП 2002
7. Гиљермо Стабиле (Аргентина), 8 гола - СП 1930
8. Леонидас (Бразил), 7 гола - СП 1938
9. Жаирзињо (Бразил), 7 гола - СП 1970
10. Гжегож Љато (Полска), 7 гола - СП 1974

НАЈДОБРИ АСИСТЕНТИТЕ ВО РАМКИ НА ЕДНО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

1. Пеле (Бразил), 6 асистенции - СП 1970
2. Роберт Гадоха (Полска), 5 асистенции - СП 1974
3. Пјер Литбарски (ФР Германија), 5 асистенции - СП 1982
4. Диего Марадона (Аргентина), 5 асистенции - СП 1986
5. Томас Хеслер (Германија), 5 асистенции - СП 1994

Интересно, од шесте асистенции на Светско првенство 1970, Пеле имал две против Италија во финале.

ГОЛМАНИ СО СЕРИЈА БЕЗ ПРИМЕН ГОЛ ВО РАМКИ НА ЕДЕН ТУРНИР

1.Јан Јонгблуд (Холандија), 5 меча на едно Светско без примен гол - СП 1974
2. Валтер Ѕенга (Италија), 5 меча - СП 1990
3. Клаудио Тафарел (Бразил), 5 меча - СП 1994
4. Фабиен Бартез (Франција), 5 меча - СП 1998
5. Оливер Кан (Германија), 5 меча - СП 2002
6. Џанлуиџи Буфон (Италија), 5 меча - СП 2006
7. Икер Касиљас (Шпанија), 5 меча - СП 2010

На оваа голманска листа на голмани со најдолга серија без гол се гледа дека 5 средби е врвно достигнување досега. Ги наместивме по хронолошки ред според најдолга серија без примен гол во минути (Валтер Ѕенга на Мундијалот ’90-та не примил погодок цели 517 минути!). Бартез, пак, има две врвни достигнувања. Не само што не примил гол на пет меча на едно Светско туку и станал втор голман со десет меча без примен гол на Светски првенства (1998, 2002 и 2006). Прв е Питер Шилтон.

РЕПРЕЗЕНТАЦИИ СО НАЈМНОГУ ГОЛОВИ НА ЕДНО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

1. Унгарија - 27, СП 1954
2. Франција - 23, СП 1958
3. Бразил - 22, СП 1950
4. Бразил - 19, СП 1970
5. Бразил - 18, СП 2002
6. Аргентина - 18, СП 1930
7. Германија - 18, СП 2014

Во 1954-та на Мундијалот во составот на Унгарија играл Шандор Кошиќ кој постигнал дури 11 од вкупно 27 на таа неверојатна генерација играчи. Во финале сепак не успеале да ја победат ФР Германија. Дале два гола до 8-ма минута но примиле два во следните десет минути. На крајот Хелмут Ран постигнал уште два погодоци и им донел светска титула на Германците.

НАЈУБЕДЛИВИ ПОБЕДИ НА СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА

1. Унгарија - Салвадор 10:1, СП 1982
2. Унгарија - Јужна Кореја 9:0, СП 1954
3. Југославија - Заир 9:0, СП 1974

Унгарецот Ласло Киш станал автор на најбрзиот хет-трик во историјата на Светски првенства - дал три гола за 7 минути. Унгарците во 1982-ра на полувреме воделе 3:0 против Салвадор кој во вториот дел примил уште седум погодоци.

НАЈЕФИКАСНИ СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА

Вкупно голови/просек по натпревар

2014 Мундијал во Бразил - 171 гол/2,67 во просек по меч
1998 Мундијал во Франција - 171/2,67 во просек по меч
2018 - Мундијал во Русија - 169/2,64 во просек по меч
2002 - Мундијал во Кореа и Јапонија - 161/2,52 во просек по меч
2006 - Мундијал во Германија - 147/2,3 во просек по меч

4 од 5 најефикасни Светски првенства се во ХХI век. Мундијалот 2022 е во одлично темпо - за сега паднаа 134 голови (2,58 по меч) и има шанси да влезе во топ 5.

ДРУГИ ЗАНИМЛИВИ 10 РЕКОРДИ

Шампион кој постигнал најмногу голови - Шпанија (8), СП 2010
Шампион кој постигнал најмногу голови од сите - Германија (25), СП 1954
Највисок пласман без победа - Ирска (1/4), СП 1990
Најлоша гол разлика - Јужна Кореја (-16 гола), СП 1954
Најмлад тренер-шампион - А. Супичи (31 година), СП 1930
Најмногу одбрани на еден меч - Тим Хауард (16 одбрани), СП 2014
Најмногу истрчани километри на Мундијал - Томас Милер (84 километри) - СП 2014
Најбрз гол од измена (во секунди) - Е. Санд (16 погодоци), СП 1998
Најмногу голови во едно финале - Д. Херст (3 гола), СП 1966
Најмногу асистенции на еден меч - Р. Гадоха (4), СП 1974

5 декември 2022 - 11:36