Оливер Гласнер, харизматичниот тренер кој на стотици илјади навивачи на Ајнтрахт Франкуфрт им ја донесе најголемата радост со освоен пехар во Лига Европа, носи сини панталони за кои верува дека му се амајлија.
Во истиот пар го поминал цел плејоф во Лига Европа: Бетис, Барселона, Вест Хем. Сите овие тимови паѓаа пред Ајнтрахт додека Гласнер ги носел истите панталони.
Не направил исклучок ниту за финалето. Пред патот за Севиља, тој ги облекол истите панталони. Не му сметало ни што се во боја на Ренџерс.
„Дури не ни знам во какви бои играа екипите на претходните натпревари. А ако зборуваме сериозно, знам само дека моите сини панталони треба да ги исчистам. Треба да си ги земам од хемиско скоро“, рекол Гласнер пред финалето во Севиља.
Најголемо изненадување бундеслигашот направи откако ја згроми Барселона на гости среде „Камп Ноу“. Тогаш Гласнер ги носел истите сини панталони а од радост се лизгал со нив по тревникот на „Камп Ноу“.
Панталоните секако не останале без последици. „Ги скинав панталоните, но нема врска“, рекол Гласнер.
Тие и скинати и исфлекани од трагови трева не ги фрлил туку се сместени во клупскиот музеј.
Гласнер пред големото полуфинале со Вест Хем носел ист пар сини панталони и копијата му донесла исто среќа, како што верува самиот.
„Панталоните ми носат добро чувство, тоа е мал ритуал“, признал тренерот кој го урна и лондонскиот тим за да стигне во финале каде на пенали беше подобар од Ренџерс.
Интересно ова е прв евротрофеј на Ајнтрахт уште од 1980-та година. Гласнер стана воедно првиот австриски тренер од 1983-та кој освоил евротрофеј. Тогаш легендарниот Ернст Хапел го однел Хамбург до пехар во Купот на европски шампиони.
Инаку до решавачкиот меч Ајнтрахт ги исполнил сите суеверија. Во финалето против Ренџерс играа во својот бел комплет наместо во главниот црн комплет.
„Сезонава ние блеснавме во Европа во бела опрема. Нас не нарекоа La Bestia Blanca (на шпански - белата ѕверка), така што просто мора да играме во бело“, рекол човекот од клубот Аксел Хеллман.
Ајнтрахт Франкфурт во бела опрема го совлада и Баерн Минхен во големото финале на Купот на Германија во 2017/2018 и во клубот веруваат дека оваа гарнитура им е среќна.
Ајнтрахт Франкфурт е во облаци, преку драматична пенал серија стигна до европски трофеј по 42 години
50.000 навивачи приредија незаборавна лудница на стадионот на Ајнтрахт