SISTINA го изненади минатогодишниот шампион Македонски Телеком.
SISTINA 3-2 (1-1) Македонски Телеком
SISTINA: Далибор Дамјановиќ 16', Александар Јаневски 23', Цветанчо Трајковски 26'
Македонски Телеком: Агрон Пацоли 14', Влатко Причков 38
Првото полувреме беше доста изедначено, со многу брза и офанзивна игра и на двете страни. Иако заврши со 1-1, имаше доста акции и удари кон двата гола. Уште во раната фаза од вториот дел, екипата на SISTINA постигна два гола со што ја принуди екипата на Македонски Телеком да игра со голман играч до крајот на натпреварот. Но и тоа кај екипата на Македонски Телеком не вроди со плод и го загуби овој натпревар со 3-2.
Општина Карпош со минус два играчи до победа над One.
Општина Карпош 5-3 (4-2) One
Општина Карпош: Димитар Бадев 8', 13', 19', Сулејман Сулејманов 20', 28'
One: Дарко Таневски 4', Слободан Кекеновски 7', Самир Исеини 33'
Екипата на Општина Карпош се прикажа во одлично светло против екипата на One. Можевме да приметиме забележителен напредок во нивната игра и прилагодување на екипата на начинот на игра во Бизнис Лигата. Екипата на One не успеа да постигне гол по дури два искучени играчи од екипата на Општина Карпош. Со ваква пропуштена шанса се чинеше дека и не може да победи на овој натпревар. Мора да забележиме дека на голот на Општина Карпош со одлични интервенции се истакна голманот Стојан Андонов, а целата екипа беше предводена од Димитар Бадев, кој беше вистински лидер на теренот. Натпреварот заврши со резултат 5-3. Полувреме 4-2.
ЕЛЕМ убедлив против Dominos pizza.
Dominos pizza 2-8 (2-5) ЕЛЕМ
Dominos pizza: Оливер Младеновски 14', Рубин Ангелевски 18'
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 2', Менде Фидановски 3', 35', Влатко Петровски 4', 38', Павле Маџовски 13', Жан Ристевски 17', Александар Николовски 40'
Во првото полувреме екипата на ЕЛЕМ ја искористи слабата точка кај екипата на Dominos pizza, а тоа беше голманската позиција и стигна до забележително водство. Но, екипата на Dominos pizza набрзо, со внесување на голман играч, се врати во натпреварот, ја подобри својата игра со шанса за целосен пресврт. Меѓутоа, во тоа не успеа и екипата на ЕЛЕМ го доби овој натпревар со 2-8. Полувреме 2-5.