Тренерите може да направат клучни потези
Кога ќе загуби нивниот тим се најкритикувани, но кога ќе победат приказната е поинаква. Затоа Пеп Гвардиола беше пресреќен поради вчерашниот триумф против Манчестер Сити по кој изјави дека тоа досега им бил најдобро одигран меч.
Но Шпанецот не беше единствениот за големи пофалби, туку еден друг негов исто така млад колега, а тоа е Диего Симеоне. Откако во мадридското дерби славеше на гости против Реал, Атлетико Мадрид успеа да урне уште еден голем клуб на гостински терен, а тоа е тимот на Порто.
Португалскиот состав немаше пораз на „Драгао" дури четири години или поточно на 74 меча, а фантастичната серија им ја сруши Атлетико кој сезонава во Премиера и Лигата на шампионите има 100% учинок.
Аргентинскиот стратег го немаше на располагање најдобриот стрелец Диего Коста и започна во формација 4-4-2 со двајцата напаѓачи Давид Виља и Лео Баптистао. Но Шпанците почнаа лошо и по првиот дел имаа негатива од 1:0.
Откако работите не одат како што треба, тренерот треба да препознае каде се недостатоците во играта, па на полувреме го извади Виља, а на негово место влезе десното крило Чебола Родригез со што премина во формација 4-5-1. Откако Диего Годин израмни, Симеоне направи уште една измена и на местото на вториот шпиц Лео, го внесе плејмејкерот Коке со што остана без класични напаѓачи.
Но иако тоа на прв поглед изгледа нелогично следеше изработениот слободен удар на Габи кој наместо на шутира го измами играчите на Порто и го пронајде Туран кој направи целосен пресврт. Домаќините од тој момент немаа повеќе поголем посед на топка, а ниту шутеви во рамки на гол, а Атлетико Мадрид си замина со 3 бода.
Сега се поставува прашањето дали Атлетико Мадрид може да победи една Барселона или Баерн Минхен? Тоа не е невозможно затоа што на финалето од шпанскиот Супер Куп против Барселона, Каталонците стигнаа до титулата со две нерешени средби проти Атлетико, но без победа.
Овој тим на Атлетико Мадрид предводен од Диего Симеоне кој сезонава остана и без својот најдобар играч, Радамел Фалкао сигурно дека нема да биде посакуван противник доколку се пласира во елиминационата фаза.
Само едно засилување носи драстични промени во тимот
Кога Месут Озил го комплетираше трансферот во Арсенал за половина од цената која Реал Мадрид ја плати за Герет Бејл прашањето беше, кој играч би го посакале повеќе во тимот? Давјцата имаат по 24 години и нивните најдобри денови допрва доаѓаат. Одговорот беше 60% за Бејл, но еден месец подоцна изгледа дека е обратно.
Озил пристигна во Лондон откако „Топџиите" загубија од Астон Вила со 3:1 во првото коло од Премиер лигата. Навивачите рекоа: Венгер не знеш што правиш. Потоа откако во игра влезе Озил асистираше на наредните четири гола, тимот ги победи сите наредни 5 меча во првенството, а во Лигата на шампионите пред два дена го победи Наполи и покажа дека ќе се бори за првото место во групата на смртта.
Доколку не дојдеше Озил на „Емирати", дали Оливер Жиру ќе беше толку сигурен и ќе играше толку добро? Дали Арон Рамси полека ќе се развиваше во наследнки на Цеск Фабрегас? Тоа секако нема да го дознаеме, но јасно едека иднината на Арсен Венгер како тренер на Арсенал се промени на 1 септември со потписот на Озил.
Асистенциите се како голови
Кој беше најубав гол во второто коло од Лигата на шампионите? Можеби погодокот на Алваро Негредо за Сити, третиот на Митроглу за Олимпијакос или победничниот на Дракслер за Шалке. Како и да е повпечатливи од головите во овие два дена беа асистенциите.
Како на пример петицата на Ибрахимовиќ кој иако беше свртен со грб успеа да го пронајде Марко Верати кој потоа ја продолжи акцијата за погодок на Маркињос, како и петицата на Бензема која беше наменета за Ди Марија кој потоа со популарното и атрактивно „робона" додавање го пронајде Роналдо за гол.