БЛ 3-то коло (втор ден)

ЕВН немаше сили за пресврт против ЈСП

На вториот ден од третото коло на Бизнис лигата се одиграа три интересни натпревари по кои поени заработија екипите на ЈСП, Eurolink и МЕПСО.

ЕВН немаше сили за целосен пресврт против ЈСП.
ЈСП 5-4 (4-1) ЕВН
ЈСП: Дејан Блажевски 7', 19', Љупчо Павловиќ 10', Давор Калиновски 14', Ивица Арсенов 32'
ЕВН: Дарко Милошески 20', Жарко Трпески 33', Исамедин Салиу 34', Слаѓан Божиновски 37'
Во текот на целото прво полувреме одлична игра прикажа екипата на ЈСП, која имаше доста смирен напад со одлична реализација. Екипата на ЕВН се разбуди во вториот дел од второто полувреме, правејќи вистински подвиг со кој стигна на само гол предност за ЈСП. Но, во борба со времето, немаше простор за целосен пресврт и екипата на ЈСП го доби овој натпревар со 5-4. Полувреме 4-1.

Јовче Зузаровски ја донесе победата на Eurolink против ArcelorMittal.
Eurolink 7-4 (4-0) ArcelorMittal
Eurolink: Јовче Зузаровски 9', 19', 20', 23', 40', Наумче Стојчевски 19', Никола Костовски 28'
ArcelorMittal: Александар Зотиќ 30', Методија Миовски 32', Александар Илиев 33', 36'
Бевме сведоци на брилијантна партија на Јовче Зузаровски кој постигна дури 5 гола во екипата на Eurolink, која имаше одлично прво полувреме во кое дојде до водство од 4 голови. Во второто полувреме, екипата на ArcelorMittal внесе во своите редови голман играч, со што успеа да се врати во натпреварот, но немаше доволно сили за целосен пресврт и го загуби овој натпревар со 7-4.

МЕПСО посмирен во завршницата од Dominos pizza.
Dominos pizza 4-6 (2-2) МЕПСО
Dominos pizza: Павле Мирчевски 2', 27', Рубин Ангелевски 18', Оливер Младеновски 28'
МЕПСО: Никола Несторовски 12', Борис Трајковски 18', Александар Стојчевски 26', 34', 35', Златко Ацевски 39'
Крајно изедначено прво полувреме одиграа екипите на Dominos pizza и МЕПСО. И двете екипи прикажаа одлична игра, пред се во нападот. Се играше доста брзо и атрактивно и на двете страни и ниедна од екипите не успеа резултатски да се одлепи. Полувреме 2-2. Во второто полувреме продолжи неизвесноста и се играше гол за гол. Но, се чинеше дека поснаодлива беше екипата на МЕПСО која го доби овој натпревар со 4-6. Мора да напоменеме дека откога на клупата застана тренерот Ване Митров – Туте, беше евидентен напредокот во играта на екипата на МЕПСО.

ДЕНЕС ФИНИШИРА ТРЕТОТО КОЛО ОД БИЗНИС ЛИГАТА НА МАКЕДОНИЈА

Вечерва ќе се одиграат последните три натпревари од третото коло од есенскиот дел на Бизнис Лигата на Македонија. Натпреварите ќе се одиграат во малата сала на СЦ "Борис Трајковски" а стартуваат во 19:30.

Екипите кои денес ќе се борат за подобар пласман се:

Македонски Телеком - ONE 19:30
ЕЛЕМ - Општина Карпош 20:30
Montenegro - SISTINA 21:30

Квалитетен фудбал и фер игра е она што го очекуваме од денешните натпревари. Натпреварувачкиот дух и навивачката атмосфера нема да изостане и вечерва.

30 октомври 2013 - 08:06