Викендов по само една недела од постоењето на Типстер ја надминавме бројката од 1.500 регистрирани типстери кои вкупно одиграа 18.387 типови.
Најомилен ваш тип во изминатото коло беше кецот со 7.784 типувања на натпревари од кои 4.953 погодени. Најмалку се типува на 0-2 голови (вкупно 1.446 типови од кои 699 фатени), а најмалку успех имаа оние кои типуваа на нерешено со погодени само 374 од вкупно 1.956 типувања.
Фаворитите не потфрлија викендов, па оние кои типуваа на малите коефициенти најчесто беа добитни. Најмногу (вкупно 2.452 кредити) беа вложени на победата на Тотенхем над Хал, 2.363 кредити беа вложени на кецот на Манчестер Јунајтед против Стоук, а кецот на Интер против Верона тежеше 2.352 кредити.
Многу типстери ја чекаа двојката на Кристал Палас - Арсенал, а на голови најмногу беа погодени 3+ на Челси - Манчестер Сити, Барса - Реал и Шалке - Борусија Дортмунд.
Најмногу беа пцуени ПСЖ и Милан. На Французите беа вложени 1.960 кредити, а на двојката на Милан пропаднаа 1.675 кредити. Освен нив потфрли и Олимпик Марсеј, а забележителна беше и високата уплата од 1.202 кредити на победата на Реал Мадрид на Ел Класико.
Најголем махер викендов беше Oliver Kostadinovski кој од 61 одигран тип погоди 42 и оствари профит од 105 кредити. Зад него се Darko Dimitrievski со профит од 103,5, Pro.Palica со 88, Viktor Kupresanin со 78 и Marjan Mandarovski со профит од 76,95 кредити.
Лузер или малер на колото е Armin Mandal кој викендов одигра 120 типа од кои погоди само 47 и направи минус од 231,45 кредити.
Во моментов на врвот на табелата на вкупното рангирање се Nikola, Баже Колев, Zoran Zdraveski, Глигор Шутов i Naumche Ristevski.
Оваа недела ќе се одиграат вонредни кола во Италија и Шпанија, како и англискиот Лига куп, а викендов повторно имаме богата понуда со многу интересни натпревари. Од денес ја збогативме понудата и со натпреварите од аргентинското и бразилското првенство, па ќе имате занимација и во вечерните часови.