Судиската неправда се случи на мечот Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид. Домаќините го добија мечот со 2:0 со голови при крајот во 84-та и 87-ма минута, но мечот можеше да добие сосема поинаков тек.
По 22 минути игра дефанзивецот на Леверкузен Тапсоба апла играше со рака во шеснаесетник, за што потврда се неколкуте забавени снимки и нејасно е како судиите ја игнорираа ситуацијата која плачеше за пенал.
Симеоне мафташе со рацете, а познатиот арбитар Мајкл Оливер чекаше сигнал од ВАР собата. Но ниту помошниците не му пријавија дека е пенал, ниту па тој реши да гледа забавена снимка. Чудно и нејасно.
Голем гаф со помошниците во ВАР собата се случи и на мечот Јувентус Салернитана.