На свеченоста по повод доделувањето на Нобеловите настапи и Пати Смит, која имаше проблем да ја допее песната на Дилан, за момчето со сини очи и тешките дождови кои допрва ќе паѓаат. Во текстот објавен во Њујоркер таа објаснува што му претходело на овој настан и со какви чувства се качила на сцената. Есејот е одличен поглед во умот и срцето на оние од кои очекуваме просто да се качат на сцена и да нè забавуваат.
Шест години откако го сними „Тру грит“ со браќата Коен, Бриџис повторно глуми во нео-вестерн, еден од највисоко оценуваните филмови годинава, „Хел ор хај вотер“. Во интервју за Ролинг Стоун тој зборува на повеќе теми, меѓу кои за незгласливата популарност на Дјуд, Дилан и што научил од татка си.
Кога добитникот на Пулицер, писателот Мајкл Канингем, добил повик од некој кој се претставил како Дејвид Боуви, мислел дека е зафрканција. Не знаел дека тоа е моментот кога ќе започне едногодишна соработка на мјузикл, кој вклучува вонземјани, маријачи и измислени необјавени песни на Боб Дилан. Еве ја неговата приказна.
Во хотелот Челси свои дела напишале Боб Дилан, Коен, Џек Керуак, Вилијам Бероуз. Имало и помалку познати уметници кои со години живееле тука како потстанари под „спонзорство“ на хотелскиот менаџер. Тој деновиве почина, на 82 години, носејќи ги со себе и бројните приказни кои се граничат со митови.
Шарл Азнавур, еден од најпознатите пејачи и композитори на сите времиња, е автор на околу 1,000 песни, кои ги имаат испеано исто толку познати музичари како Реј Чарлс, Боб Дилан, Лајза Минели, Хозе Карерас. Во моментов, на 87 години, е на турнеја низ САД. А не е ни банкротиран, па да мора...
Во октомври 2016, Шведската академија објави дека добитник на високото признание за книжевност за таа година оди кај Боб Дилан, што предизвика лавина секакви коментари, вклучително и тоа дека писател би можел да конкурира за Греми. Контроверзата сепак поттикна интересна дискусија, не само за границите помеѓу поезијата и пеената песна, туку и за тоа што е воопшто книжевност. Нештата сè повеќе се комплицираат, па оттаму, зошто следен добитник да не биде и креатор на видео игра?
Документарец за неверојатната судбина на Сиксто Родригез, музичар од седумдесетите, на кого многумина му предвидувале слава поголема од онаа на Боб Дилан. Филм за мрачните страни на музичкиот бизнис, природата на славата и можноста работите некогаш и некаде да дојдат на свое место.
Заборавете го сексот и дрогата - ако на своите почетоци рокенролот ја славеше младоста, со сите нејзини предизвици, сега, како што стареат неговите херои, тој почнува да се занимава со поинакви теми.
„Внатре палатата на соништата: животот и времињата на њујоршкиот легендарен Челси хотел" е нова книга на Шерил Типинс која ја раскажува приказната за еден објект кој е нераскинливо врзан за историјата на современата култура.
Една од оние личности кои се постојано во друштво на најславните, но и покрај тоа (или заради тоа) постојано во сенка. Тоа не е причина да не се издаде сопствен албум и на прагот од седмата деценија.
Вчера, 6.3., десетина вработени во познатиот издавач Ашет организирано излегоа од њујоршката канцеларија на фирмата, како протест против објавувањето на автобиографијата на Ален. Тоа, заедно со уште куп реакции, придонесе истиот ден Ашет да ја повлече својата одлука.
Додека Американците го слават Денот на благодарноста, една необична приказна за концерт кој се одржал токму на овој ден пред 40 години, на бенд кој се вика - Бенд.
Неколку месеци пред да умре од туберклоза Чехов му рекол на писателот Иван Буњин дека луѓето ќе го читаат најмногу седум години по неговата смрт. „Зошто седум?", прашал Буњин. „Е добро де, седум и пол", попуштил скромниот Чехов. 106 години по неговата смрт и 150 од неговото раѓање заклучуваме - добро е што не се обложил.
„На сцена, водам љубов со 25,000 различни луѓе. Потоа одам дома сама", изјавила еднаш Џоплин. Таа во нејзината кариера сепак не била сосема сама - го имала Џон Брн Кук.
Кога ќе направиме нешто добро за човек кого го знаеме, ретко помислуваме на сите оние луѓе на кои истовремено не сме им помогнале, а уште помалку на оние кои страдале како резултат на нашата првична помош. Дали фаворитизмот е всушност зло?
Од застапените само за Боуви знаеме дека студирал сликарство, па можеби затоа серијата негови автопортрети од 90-тите минатата недела е продадена за 6,500 фунти. Но и другиве не се лоши.
Ако во 80-тите сте биле на возраст да го памтите настанот за којшто станува збор (значи, доколку сте стари), тогаш документарецов ќе ви дојде ко оние бонбони со кафе, Кавабон, што ги имаше на времето - слатки и малку горчливи. Ако сте од младите, немојте да пропуштите да видите како изгледало нешто што денес би можело да се постигне единствено со холограми и вештачка интелигенција.