Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Спрингстин го продаде целиот свој каталог за 500 милиони долари

16 декември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  •  Спрингстин ги продаде своите мастер снимки и правата за објавување на целиот негов опус на Сони за пола милионче  милијардиче.
  • Оној кој потегна нога среде актуелната пандемија музичарите да почнат да продаваат не на парче, туку на куп беше Дилан, па Блонди, па наследниците на Боуви. Ворнер Мјузик ги купи правата за Боуви во септември оваа година, а Дилан, кој во сенката на 500-те милиони на Брус сега изгледа како да избрзал, го продаде каталогот од 600 песни на Јуниверзал за 300 милиони долари во декември минатата година. Ама па си има Нобел.
  • Како ли е да се разбудиш сабајле и да сфатиш дека пеењето за маките на работниците и лажноста на американскиот сон може да чини толку?
извор

Мушички ќе летаат со дијаманти во МКЦ

12 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Изложбата „Мушичката лета со дијамантот“ на Марија Милошевска, со која таа одбележува 20 години креативна работа, ќе биде отворена на 12 мај (вторник) во 20 часот во МКЦ. Таа е замислена не само како естетски чин туку и како длабоко метафизичко истражување на човечката состојба.
  • Овој концепт се заснова на тензијата помеѓу привременото (мушичката) и бесконечното (дијамантот). Тоа е метафора за човечката природа – нашата постојана борба меѓу потребата да оставиме траен белег и свесноста за сопствената минливост.  
  • Изложбата е збогатена со музички перформанс на Јордан Костов и неговиот бенд.
извор

Енди Кенеди, дизајнерот на звук на „Гејм оф тронс“ и „Хари Потер“ во Скопје на 7 мај

6 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од постоењето, Агенцијата за филм на Македонија започнува серија ексклузивни мастеркласови со врвни светски професионалци од филмската индустрија. Првиот настан ќе се одржи на 7 мај (среда) со почеток во 11:00 часот во Cineplexx.
  • Гостин-предавач ќе биде Енди Кенеди, еден од водечките светски експерти за дизајн и монтажа на звук, добитник на престижните Еми и Бафта, со повеќе од три децении искуство во индустријата. Неговото богато портфолио вклучува работа на Game of Thrones, Bohemian Rhapsody, The Crown, Batman Begins, Harry Potter, The Imitation Game и Fantastic Mr. Fox.
  • Мастеркласот ќе понуди уникатен увид во процесот на создавање на звучен идентитет, како и во клучната улога што звукот ја има во филмското раскажување. Настанот е наменет за филмски професионалци, студенти, но и за сите љубители на седмата уметност.
  • Предавањето ќе се одвива на англиски јазик, а влезот е бесплатен со задолжителна претходна регистрација. Бројот на места е ограничен.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Грција дига рачна за масовниот туризам

2

Прво татко па сè друго: Дончиќ нема да игра за Словенија, ќе се бори за своите ќерки

3

Скопје е на потег

Македонштина
4

За бракот и научната етика

Балканштина
5

Зеленски: Корупција, кокаин и лакомост

Свет
6

Америка е матирана во Иран

Мислења
7

Порака до македонските навивачи од Кузмановски и Лазаревски

Ракомет
8

Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв

1

Зошто спиеме помалку од другите примати?

Bookbox
2

На Денот на македонскиот јазик: од каде е зборот „гилиптер“?

Bookbox
3

Букбокс гледанка: „Со среќа, уживај, не умирај“ (2026)

Гледанка
4

Барут, ореви, малини: како мириса вселената?

Bookbox
5

Мушички ќе летаат со дијаманти во МКЦ

6

Филозофи, книжевници, етнолози - нека не ве плаши ВИ

Bookbox
7

Не сме само ние снаодливи: француски професор си измислил награда и се самонаградил

Bookbox
8

Почина Рави Шанкар

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Достоен!

Македонштина

Скопје е на потег

Балканштина

За бракот и научната етика

Македонштина

Свет цел разбере да

Разно

Колкава е Партизанска?

Балканштина

Така ќе биде уште долго време

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Од „Книгата на создавање на Северна Македонија“

Врвна педагогија

Оф мори мајко:Ај срце туку ова што чеша!

Што ако викендот трае три дена?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy