Иако мнозинството Американци сметаат дека Трамп има дела за кои може да биде отповикан, тоа мнозинство се топи кога прашањето е дали тој треба да биде отповикан.
Додека Демократите даваат се од себе за да им пројде импичментот, Доналд Трамп постави претседателски рекорд постирајќи 125 твитови и ретвитови во еден ден.
Судејќи по ударничката поддршка што ја добива Елизабет Ворен од Сиенен и другите медиуми наклонети кон демократите во врска со нејзиниот отворен судир со Берни Сандерс, станува јасно дека популарноста на Берни и овојпат не ѝ одговара на партиската централа бидејќи неговите напади на Вол Стрит не им се бендисуваат на донаторите.
Во ново интервју Хилари Клинтон порачува дека „ќе направи сè што може за да го порази“ Трамп во 2020, и уште поважно од тоа го испердаши и Берни Сандерс притоа закачувајќи му етикета на сексист.
„Ние сега сме БРОЈ ЕДЕН во Универзумот, со голема разлика!!“ напиша Трамп на Твитер пред да стапне на швајцарско тло каде треба да се сретне со останатите светски лидери.
…Има врска со двајца популарни, богати луѓе што не ги познаваш, ама некако ти се при срце. Да, сега светот е опседнат со кога Бред Пит и Џенифер Анистон си честитаа САГ награда.
Калифорнискиот град имал ужасен воздух и пред да постои самиот збор смог. За време на војната, ЛА бил покриен со толкав чад што луѓето помислиле дека Јапонците имаат изведено напад врз градот. Сето тоа почнува да се менува со занокот кој штотуку наполни 40 години: законот за чист воздух кој го потпишува Ричард Никсон.
Американците повеќе им веруваат на Амазон и на Гугл отколку на својата влада, полицијата, наставниците и науката. Кој не верува, нека провери на Гугл или нека го нарача истражувањето на Амазон.
Веројатно највлијателниот жив научно-фантастичен автор има нова книга. Се вика „Агенција“, а во неа се замислува свет во кој во 2016 победила Хилари. И, да нема дилеми, не дека тој е нешто подобар од овој нашиов.
Како што минува време така објаснувањето на американската администрација за убиството на иранскиот генерал станува се понедоследно, до ниво што почнува да потсетува на времето кога на Ирак му измислија оружје за масовно уништување.
Трамп тргна да објаснува колку е добар во дипломатија, за до крај на реченицата да признае дека всушност рекетарски ги продава американските војници како заштита низ свет.
Пред неколку години Трамп не само што немаше чуено за човекот кој деновиве нареди да биде ликвидиран туку и неговите единици ги мешаше со Курди. Тоа се иранските единици под команда на Касем Сулејмани кои за CNN некогаш беа елитни а денес се озлогласени.
Доналд Трамп деновие им порача на Иранците дека ако помислуваат на одмазда за убиството на Касем Сулејмани, треба да имаат на ум дека САД држат на нишан 52 ирански локации, битни не само за војската и државата туку и за иранската култура (е, до толку се). Иранскиот претседател го зголеми влогот на 290.
„Лекциите кои требаше да бидат научени од Виетнам се заборавија во брзањето да се нападне Ирак. Денес, кога Трамп прави сè за да отпочне војна со Иран, се чини дека и лекциите од Ирак не се научиле. Ризикувајќи да повторуваме очигледни работи, еве неколку лекции за новинарите“, пишува уредник на Прес Воч.
По наредба на Трамп, а без никаква консултација со Конгресот, американската армија изврши атентат врз генералот на елитните Кудс сили во склоп на Исламската револуционерна гарда на Иран и неофицијално вториот човек по моќ во земјата.
Минатата година се случија повеќе сериозни терористички напади низ светот. Терористите беа инспирирани од повеќе различни идеологии, а жртвите им беа разнолики. Како што политиките на идентитет стануваа поистакнати во западната политика така идентитетот на жртвите и на извршителите одигра клучна улога во начинот на кој политичките лидери реагираа на секој напад.
На неколку недели пред гласањето во 2016 кога медиумите само што не ја преселија Хилари во Белата куќа, Мајкл Мур, на сериозна лична штета, јасно порача дека Трамп ќе победи. И така бидна. За сега, има само предупредување дека тоа може да се случи.
Само што не сме катапултирани низ разлабавениот сфинктер на 2010-те, а искрено и ова чекање е вишок. Ова беше ужасна деценија, полна со гнев и катастрофи на секој чекор. Но, каде точно 2010-те тргнаа на лошо?
Такви се на пример Хилари Клинтон, Меланија Трамп, Кери Симондс… Делат живот со моќни мажи кои другите жени (а можеби и нив) ги третираат ужасно. И, без разлика дали е тоа фер или не, и тие некако треба да одговараат за неприкладното сексуално однесување и политички гафови на нивните сопрузи и дечковци.
А не е. Римо-католик е, со италијанско потекло. Ама смета дека во однос на Сорос, тој е поголем Евреј. И уште рекол дека Сорос е едно одвратно човечко суштество. За тоа не знаеме.