Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп му забрани на Харвард да прима странски студенти

23 мај 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Администрацијата на Доналд Трамп му забрани на Харвард да прима студенти од странство во идната учебна година. Странците што сега студираат таму ги предупреди да се префрлат на други Универзитети за да не им биде укинат легалниот статус.
  • Министерката за домашна безбедност Кристи Ноем го обвини Харвард дека „поттикнува насилство и антисемитизам и се координира со Кинеската комунистичка партија“. 
  • Забраната е воведена откако Харвард одби да му ги даде на Министерството бараните информации за некои странски студенти. Ноем истакна дека забраната ќе биде поништена ако Харвард во рок од 72 часа ги предаде досиејата за странските студенти, вклучувајќи и видео или аудио снимки од учество на протести во изминатите пет години.
  • „Оваа одмаздничка акција е сериозна закана за заедницата на Харвард и за нашата земја и ја поткопува нашата академска и истражувачка мисија“, соопшти Универзитетот.
  • Во тековната година на Харвард студирале речиси 6.800 студенти од странство, што е 27% од вкупниот број. Најмногу ги има од Кина, Канада, Индија, Јужна Кореја, Британија и Германија.
извор

Почина Мишо Хрњак од Азра

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
  • Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна. 
  • Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка. 
  • Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
извор

Еверест веќе не е највисоката планина?

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
  • Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
  • Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
  • Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина
7

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
8

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

ЕУ нема да се спаси со такси за ТЕМУ

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ковачевски претера со широчината

Кај се изгуби Тед Тарнер?

Прељубници, холивудска верзија

А нам Иван ни се падна

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy