Европската Унија ги укинува економските санкции за Сирија, воведени пред 14 години против режимот на Башар ал Асад, кој беше соборен од власт во декември.
„Сакаме да им помогнеме на Сиријците да изградат нова, инклузивна и мирољубива Сирија“, објави шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас.
Како нов легитимен лидер на Сирија, Европа го прифати Ахмад ал Шара, водачот на терористичка група поврзана со Ал каеда, кој ја презеде власта во Дамаск. Францускиот претседател Емануел Макрон го прими со почести поранешниот терорист во Елисејската палата.
И САД пред една недела ги укинаа санкциите за Сирија. Претседателот Доналд Трамп лично се сретна со Ал Шара во Ријад.
На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.