- Доналд Трамп се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал Шара, кој до пред неколку месеци беше на потерница на САД како водач на терористичка група. Наградата од 10 милиони долари за главата на Ал Шараа беше поништена во декември.
- На средбата во Ријад, Трамп ги укина сите американски санкции за Сирија и го повика Ал Шара да ги протера сите терористи од земјата и да ги нормализира односите со Израел.
- За разлика од САД, Израел сè уште го смета Ал Шара за џихадист поради неговите поранешни врски со Ал каеда, групата одговорна за терористичкиот напад врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година.
- Трамп изрази надеж дека и Саудиска Арабија ќе им се приклучи на Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Мароко, кои во неговиот прв мандат во 2020 година го признаа Израел.
- На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
- Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
- Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
- Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
- Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
- Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
- Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
- Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!