- Администрацијата на Доналд Трамп им нареди на сите амбасади и конзулати да не закажуваат нови интервјуа за студентски визи и визи за размена (од типот F, M и J).
- Дипломатските претставништва ќе добијат нови препораки од Стејт депарментот за потемелни проверки што сè апликантите објавиле на социјалните мрежи.
- Администрацијата и досега проверуваше објави на социјалните мрежи како услов за добивање виза, но со процедурата беа опфатени главно студенти што за кои има сомневања дека протестирале против израелската операција во Газа.
- Во препораката не е наведено какви содржини ќе се бараат во објавите, но се алудира на „блокирање на терористи“ и „борба против антисемитизам“.
- Жителите на Харгиеса, главниот град на Сомалиленд, масовно излегоа на улиците, вееја американски знамиња и извикуваа „Да живее Америка!“, прославувајќи ја изјавата на Доналд Трамп дека нивната самопрогласена држава е „сосема различна земја од Сомалија“. Изјавата, сепак, не значи дека САД го признаваат регионот за независна држава.
- „Изјавата на Доналд Трамп го означува почетокот на американското признавање на Сомалиленд“, изјави Али Хаши од Харгиеса.
- Отцепениот регион, кој е на стратешка геополитичка локација во Аденскиот Залив, досега е признаен само од Израел. Поседува сопствена валута, пасоши и војска и важи за постабилен и подемократски од Сомалија.
- Сомалиленд стекна независност од Британија во 1960 година, само пет дена пред Сомалија да се ослободи од италијанските колонизатори. Двата региона се споија во Република Сомалија, но во 1980-тите почнаа граѓанска војна. Сомалиленд повторно прогласи независност во 1991 година.
- Патем, Трамп забележа дека не му се допаѓа името Сомалиленд. Му било позгодно да биде „Сомалија Ленд“.