Трамп ги паузираше 50 процентните тарифи за ЕУ
26 мај 2025
- Американските тарифи од 50 проценти за увозот од ЕУ нема да бидат воведени пред 9 јули.
- Трамп решил така по телефонскиот разговор со Урсула фон дел Лајен која побарала Вашингтон да се држи до првичниот јулски рок за тарифите бидејќи на ЕУ ѝ е потребно време за да постигне договор околу таа тема.
- Само неколку дена претходно, Трамп ги најави тарифите со објаснување дека договорот со ЕУ не оди никаде.