Од болеста за која сакаше да ја подигне свесноста, на 37 години почина њујорчанецот Патрик Квин. Виралниот предизвик за истурање кофа ладна вода на глава која циркулираше пред 6 години беше јако глуп, ама па доста пари собрале... ама па само една третина завршувале за првичната цел а директорите имале годишна плата од 300.000 долари.
Стравот не е дали книгата ќе се продава, затоа што ќе се продава. Стравот е од бунт на вработените на издавачот, и уште повеќе дали тоа што ќе биде објавено ќе биде точно.
По цел мандат минат во критики како Трамп претерал и не требал да се рчка со Кина, сега демократите одеднаш се на памет дека Кина е таа што ги напнала односите со САД.
Кенискиот новинар и политички карикатурист Патрик Гатара направи сатирична твитер нишка од вонредни вести, пародирајќи ја лажливата надмена објективност со која американските новинари често известуваат за избори во неразвиени земји.
Ние едно време кога сакавме некого да откачиме викавме „ај двојче“. Американците користат малку поголема бројка која се појавува од време на време во песни, филмови и во политичкиот жаргон.
Иако може изгледа дека непопустливоста на Трамп околу исходот на претседателските избори се случува во вакуум, американскиот претседател во својата борба со изборните резултатите има поддршка од 8 од 10 луѓе што гласале за него.
Трамп покажа дека знае да одигра одличен флеш ројал но не и да развие дамин гамбит. Тие што сега би да одморат после неговиот пораз од дементниот Бајден прилично се наивни. Трамп ја остави Републиканската партија во силна позиција од која лесно се размислува како да најдат друг Трамп со подолг рок на траење.
Може ли сега да ги симнеме шперплочите од излозите? Бидејќи Бајден е на пат кон Белата куќа, може ли сега повторно да ставиме роба во излозите на нашите продавници, уверени дека 'главно мирољубивите' демонстранти нема да палат или пљачкосуваат, се прашува во едиторијалот на Вол стрит журнал.
За време на кампањата 2016 Трамп инсистираше дека ретко, ако и воопшто, ќе игра голф доколку стане претседател, затоа што едноставно ќе биде презафатен со работа. За време на 4-те години мандат, Трамп ретко кога пропушти шанса да биде на голф терен. Во саботата, таму и ја дозна веста дека Бајден е следниот претседател на САД.
Претседателот на Лацио дефинитивно може да се смета за Доналд Трамп меѓу претседателите на фудбалски клубови. Веќе неколку дена е карамкаша со тестовите во римскиот клуб.
Во 11:25 по источно време (17:25 по македонско), Асошиејтед прес објави дека Бајден победил во Пенсилванија, и со тоа дека ги освојува и изборите во САД.
Авторот на култната „Трејнспотинг“ по која е снимен и истоимениот филм на Дени Бојл (во два дела), беше гостин на Фестивалот на краток расказ во Ријека. По тој повод даде интервју од кое пренесуваме делови.
Која е сега „вистинската работничка партија на Америка“, се прашува Мат Таиби анализирајќи ги резултатите на Трамп кој наспроти сите учени анализи, изгуби заради недоволната поддршка на белците, додека кај сите други помина одлично. Изгуби и заради пандемијата но на оние кои им е најважна економијата, тој убедливо им е поуверлив од Бајден.
Можеби уште не знаеме кој е следниот претседател на САД но во сите сојузни држави во кои се гласаше и за декриминализација на марихуаната, предлогот победил. А во Орегон додале и кокаин и хероин.
Вистинската лекција од рекордно бројната излезност во вторникот и се уште тековното броење гласови е дека Америка е горко, силно, речиси еднакво поделена и дека речиси не може да се владее со САД.
Овие избори повеќе се национален референдум за Трамп и неговите радикално поинакви политики, отколку избори меѓу два кандидата. Во таа смисла, со оглед на бројот на црни и латино гласови кои Трамп ги додаде на свое конто, Демократите не можат да бидат задоволни со исходот на референдумот.
Во 2016 победникот на изборите во САД беше прогласен околу 2 и пол часот наутро (по источно време). Сега трката уште трае, Белата куќа објави дека претседателот се повлекува и нема повеќе да дава изјави за денес, меѓутоа тој претходно најави дека ако треба ќе ги оспори резултатите и пред Врховниот суд.
Увереноста со која анкетарите зборуваа за брза и голема победа на Бајден беше поголема и од дебаклот во 2016 кога Хилари уште во септември ја гледаа како победник. Откако четири години ги прочистуваа и унапредуваа своите методологии, анкетарите годинава се колнеа во три работи: лесна победа на Бајден, преземање на Сенатот од демократите и зголемување на нивната предност во Претставничкиот дом. Ништо од ова не се случи, плус им се намали предноста во Претставничкиот дом.
По повеќе години градење стереотип за Трамп како некој кој користи јазик „разбирлив за четвртоодделенец“, нови истражувања покажуваат дека тој и не е баш прост во споредба со неговите опоненти.
Се работи за првите 10 месеци од годината, а парите што ги имаат потрошено само на Фејсбук се два пати поголеми во споредба со буџетот од 2016 потрошен на истата социјална мрежа. Една четвртина од овие пари е потрошена само во октомври.