- Мексико екстрадирал во САД 26 водачи на нарко-картели, како израз на спремност за соработка со администрацијата на Доналд Трамп.
- Меѓу наркобароните што биле испорачани се и Абигејл Гонзалес Валенсија, водачот на картелот Лос Куинис поврзан со озлогласената група Халиско, како и Роберто Салазар, кого САД го бараа во врска со убиство на заменик-шериф од Лос Анџелес во 2008 година.
- „Ова е пример за историските напори на администрацијата за разнебитување на картелите и странските терористички организации. Сите 26 лица имале улога во насилства и испорака на дрога на американскиот брег. Тие ќе се соочат со сурови последици за злосторствата против нашата земја. Благодарни сме и на претседателката Клаудија Шејнбаум за соработката“, изјави американската главна обвинителка Пам Бонди.
- Пред само неколку дена Њујорк тајмс објави дека претседателот Трамп побарал од Пентагон да ги разгледа можностите за употреба на воени сили за интервенција против наркокартели во латиноамерикански земји.
- Трамп во април директно побарал од претседателка Шејнбаум да дозволи американски трупи да влезат во Мексико, а таа му одговорила: „Соработуваме, но вие на вашата територија и ние на нашата. Нема да има инвазија“.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.