Јунаците на Клаудио Раниери кои по сезоната за опстанок во следната го кренаа трофејот во Премиер лига, не се единствен тим кој во дебитантската сезона во ЛШ влегоа во друштво на најдобрите 8. УЕФА нè потсети на уште шест такви примери кои ја изненадија Европа.
Нема коло да помине а одличниот стопер на Барса и Шпанија да не го зајаде Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Мурињо или фудбалскиот сојуз. Џабе го казнуваа, џабе му се закануваа, тој едноставно не може да се помири со мадридизмот и се храни со провокации.
Пред точно 10 години Реал Мадрид стигна до титулата број 30 во Ла Лига. Покрај староседелците и Шпанците, тоа беше Реал со бразилско-италијанско-холандски шмек во кој играа Карлос, Робињо, Емерсон, Каванаро, Касано, Ван Нистелрој. Капело беше критикуван дека мисли само на резултатот, а не на играта, иако оваа акција целосно ја негира таа теза.
На 28 март 1993 година на само 16 години, 6 месеци и 1 ден Франческо Тоти првпат истрча на Олимпико во дресот на Рома која вечерва против Лион ќе игра да му го продолжи патот на ветеранот низ Европа.
Дечкото уствари навива за Јуве, тимот кој пред две години загуби во финале во ЛШ од Барса, но тоа не му било пречка до рано сабајле да биде дел од големото славје во центарот на Барселона. Не планирал да оди на Камп Ноу, ама сепак пресуден бил веројатно неговиот прекар.
Ракометарите на Вардар го совладаа Кристијанштад и стигнаа до 10-та победа во групната фаза од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак на својот јубилеен меч во групната фаза, стана првиот клуб кој успеа директно да се пласира во топ 8 фазата од најелитното клупско натпреварување.
Вчерашната инфаркт завршница меѓу Барселона и ПСЖ не е единствен пресврт во историјата на фудбалот. Ретко кој ќе го заборави Солскјер и ’99-та или Депортиво и Ливерпул против Милан.
Од мал бил атипичен лидер, не викал многу, бил скромен и најдобар во секое хоби со кое се занимавал. А скокал во далечина, фрлал копје, играл пинг-понг, кошарка и ракомет. Кога стигнал факс од Реал Мадрид неговите побарале време да размислат. А тогаш стигнал факс од Камп Ноу.
Иако имаат доминантна улога во светот на фудбалот, на Каталонците само неколку пати во историјата им успеала фамозната remontada, пресврт во реваншот по убедливо загубен прв натпревар.
Ракометарите на Вардар ја прекинаа серијата од три победи по ред во Лигата на шампионите и со овој пораз од Мешков Брест само го одложија денот на заверување на визата за топ 8 фазата.
Давид Дејвис менуваше дури три голманки (Амандин Лејно, Ина Суслина и Мајсу Песоу) но 32-годишната Катарина Булатовиќ вечерва беше неверојатна и со 14 гола ја прекина победничката серија на Вардарки. 28:31 (16:17).
Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа Целје 35:30 во 12. коло од групната фаза на елитната лига и на две кола пред крај има големи шанси директно да се пласира во четвртфиналето.
На 16. септември 1987 Реал го победил Наполи во првиот меч од Купот на Шампиони. Се играло на празен Бернабеу, а Марадона не се видел.Пред 30 години ниту со Диего Марадона Наполитанците не успеале да направат подвиг против големиот Реал.
На денот на 30-от роденден на Кавани, на „Паркот на Принцовите“ во Париз ќе се сретнат двајца сограѓани од градот Салто, родени во иста година, само неколку дена разлика, а само еден ќе оди во 1/4 финале.
Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија која сега изнесува 8 триумфи по ред, откако попладнево го победија Турингер после драматична завршница на мечот на кој имаа 8 гола предност.
По големиот триумф над европскиот првак Будуќност на гости, ракометарките на ЖРК Вардар го совладаа Мец и стигнаа до одлична серија од седум победи во низа во Лигата на шампионите.
Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.
40 меча без пораз е најновата рекордна серија на Реал Мадрид кој го мина ривалот Барселона која лани имаше 39 и го стигна Нотингем Форест кој во 1978-ма врза 40 средби без пораз. Но она што дополнително го прави Реал Мадрид голем клуб е карактерот да не се откажува до крај.
Европската фудбалска унија УЕФА веројатно драстично ќе го казни белградски Партизан поради неплатени долгови и ќе му забрани да игра во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Пред точно една година Зинедин Зидан стана тренер на Реал и веќе докажа дека е голем стратег: 3 трофеи (ЛШ, Суперкуп на Европа, Клупско Светско). 53 меча, 41 победа, 10 нерешени и само 2 порази.
Голем број фудбалери минуваат трнлив пат за да стигнат до врвот, но она низ што поминал Кристијан Карамбе сигурно дека е приказна за долгометражен филм кој би имал рекордна гледаност. Еве и зошто.
Очекувано лесно, но неочекувано високо Порто со 5:0 го демолираше Лестер во дуел на екипи кои се пласираа понатаму. Борусија Дортмунд со гол во финишот израмни на „Бернабеу“ и како прва во групата пред Реал ќе оди понатаму.
Во последниот натпревар пред долгата зимска пауза, ракометарите на Вардар вечерва во 9. коло од ЛШ загубија од актуелниот европски првак Кјелце со 27-24.