Како Зидан стана голем тренер

Пред точно една година Зинедин Зидан стана тренер на Реал и веќе докажа дека е голем стратег: 3 трофеи (ЛШ, Суперкуп на Европа, Клупско Светско). 53 меча, 41 победа, 10 нерешени и само 2 порази.

Не само што имаше рекордна серија од 38 средби по ред без пораз и што во моментов Реал Мадрид е прв, туку што е поважно Зинедин Зидан „измалтерисува“ нова заштитна фасада: Во клубот нема скандали, нема хистерија и сè изгледа невообичаено мирно.

Време е да сфатиме како се случи тоа.

ОД ТОП МЕНАЏЕР ДО ПОМОШНИК

„Кога ја завршив кариерата, не сакав да станам тренер. Мислев да се занимавам со нешто друго“, неодамна призна Зидан.

Зизу по завршувањето на кариерата остана во Мадрид, но практично не седел дома туку бесккрајно патувал по светот. Отишил во земјата на своите предци, во Алжир, учествувал во добротворни проекти - од Швајцарија до Бангладеш; Понекогаш се појавувал во улога на експерт на францускиот Canal+.

Зидан беше и заштитно лице на разни брендови: Danone, adidas, коцки Lego. Но тоа не било доволно, Зидан сакал нешто повеќе. Поранешниот најдобар фудбалер на светот размислувал: не поминале ни три години, а веќе неподносливо му фалел фудбалот. Се вратил во канцеларијата на „Сантијаго Бернабеу“ и му станал советник на Флорентино Перез кој еднаш му понудил работа напишана на салфетка за време на една вечера во ресторан.

Зидан брзо станал топ-менаџер: му помогнал на Перес со стратегијата, влијаел на трансфер политиката а понекогаш и сам водел преговори. После тоа одговорностите му се прошириле и балансирал меѓу Перес и тренерот Жозе Мурињо. Тоа било пресвртница затоа што кога се приближил до тимот почуствувал желба за тренерската работа.

Во сезоната 2012/2013 тој постојано имал индивидуални тренинзи со најталентираните млади играчи - Хесе и Алваро Мората, а веќе во летото 2013-та влегол во стручниот штаб на Карло Анчелоти.

„Со тоа и сакав да се занимавам. Кога ја завршив кариерата, сменив многу разни должности, сретнав разни луѓе а на крајот сфатив дека е неопходно да му се вратам на тоа што ми дава енергија и ентузијазам. Нужно е да го работиш тоа што го сакаш. За мене тоа е фудбалот“, изјави Зидан неодамна.

УЖАСНИОТ СТАРТ ВО КАСТИЉА

За да стекне тактичка писменост, Зидан тргнал на тренерски курс. Во Шпанија му понудиле полесна програма создадена специјално за топ играчите, програма од која се учат методолошките точки.

Но Зидан одбил и заминал на 3-годишен курс во Франција. Негов ментор станал Ги Лакомб, легендарниот тренер којшто како играч го нашол во академијата на Кан а потоа ги тренирал Сошо, ПСЖ и Монако. Лакомб му организирал на Зидан кратки часови со Марсело Биелса во Марсеј и со Пеп Гвардиола во Баерн Минхен.

Лакомб не го ограничувал Зидан само на тренерски курс и семинари. Во 2014-та кога Зидан почна самостојна работа во младинскиот тим на Реал, тој му станал негов советник и асистент.

Реал Мадрид Кастиља, младинскиот тим на Реал доживеал дебакл: само една победа во првите шест кола. Најнепријатен пораз бил од градскиот ривал Атлетико кога Реал примил брзо два гола и загубил. Разочаран од таквиот расплет, Зидан го побарал Лакомб и барал совет.

Францускиот тренер моментално стигнал во Мадрид и дијагностицирал што тргнало наопаку. Цел месец ги следел тренинзите и натпреварите, седел во канцеларијата на Зидан и ги слушал разговорите со играчите.

„Зинедин беше премногу срамежлив за време на тренинзите, ја немаше целата екипа во свои раце. Вуквално после 15 дена стана самоуверен“, се сеќава Лакомб, поранешен тренер на Пари Сен Жермен.

АГРЕСИЈА

Психолошките промени биле најтешки за Зидан.

Како дете Зидан учел да игра фудбал на хулиганските улици на Марсеј кои биле многу насилни и агресивни: „Во Марсеј има страшна борба меѓу населбите и ако не реагираш на провокација ќе те сметаат за топовско месо“, изјавил Лакомб.

На крајот на ’80-те години Лакомб лично го отстранил Зидан од тренинг кога овој грубо му скокнал на некој соиграч од младинците.

Зидан подоцна научил како да ги задржува емоциите. Во животот често го нарекувале интровертен. Популарниот француски компзитор Жан-Луи Мира еднаш изјавил: „Да му кажете на Зидан дека е солист во групата, тој ќе ви одговори не, подобро ќе свирам на инструмент Марака“.

Секако, тоа е претерано, но за да стане класен тренер Зидан морал да додаде агресија.

„Ако сте премногу попустлив кон играчите, нема да ве слушаат. Постепено научив да разговарам со момците кои не беа спремни или не сакаа да слушаат. Неопходно е. При тоа јас ретко се жалев. Ако се жалев многу, ќе престанав да бидам јас“, вели Зидан за тешкиот почеток.

Една од главните предности на Зидан е способноста да слуша. „Секогаш го поддржувавме Зидан затоа што е спокоен човек и умее да го сослуша соговорникот“, изјави Кристијано Роналдо по шпекулациите за некаков конфликт со Зизу.

Според Лакомб, Зидан е типичен воркохолик: „Доаѓа во својот кабинет во 8:30 и работи до доцна во ноќта“.

СТОРИЈА НА ЕДНО ДОЛГО И НЕРАСКИНЛИВО ДРУГАРСТВО

Главниот помошник на Зидан е неговиот другар од младоста Давид Бетони. Се сретнале во 1988. година во младинската академија на Кан и од тогаш се неразделни.

Заедно се тркале со Ford Fiesta и Renault Clio од Кан до Марсеј а кога Зидан во 1996. година го повикале во Јувентус, то не сакал да се одвои од другарот и барал од босовите во Торино да му најдат на Давид помалку или повеќе пристоен италијански тим.

Така Бетони нашол место во Серија Б и Серија Ц, но тоа подоцна не го спречило да дојде во Реал Мадрид. Секој кој работел со Давид го фалел дека е одличен тактичар.

„Тој ништо не препушта ништо на случајот, се пресметува. Неговата страст за фудбалот е таква што некогаш изгледа дека јаде и пие фудбал. Многу е уреден и внимателен стратег“, вели за Бетони спортскиот директор на Кан Ерик Гојран.

Ако Зидан и натаму го носи Реал кон висините, оваа приказна за другарството може да стане најубавата во историјата на фудбалот.

5 јануари 2017 - 15:20