Приказна за фудбалскиот пат на Јиржи Дудек

Најсаканиот голман во Ливерпул кој доби писмо од Папата Јован Павле

Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.

СОБЛЕКУВАЛНАТА ВО ИСТАНБУЛ НА ПОЛУВРЕМЕТО

Група Полјаци од родниот град на Дудек го прателе Јиржи каде и да играл. Ги сретнал пред финалето на ЛШ во истанбулскиот хотел, им дал карти, се сликале и за поздрав се удирал во гради.

’Зошто правиш така?’, го прашал еден од дружината. -Пред некое време боксерот Голота така ги поздрави навивачите, ’Да, и го нокаутираа за 53 секунди’, -Ама во фудбалот нема нокаут, одговорил Дудек. Следната вечер прими гол од Малдини и виде на семафорот - 53 секунда. Во соблекувална се вратил со 0:3.

„Не се секирајте, има и второ полувреме“, ги уверувал тренерот на голманите Хозе Очоторена. Тренерот Бенитез се свртел кај бекот Траоре: „Џими, фала многу, сега оди по туш“ и му се свртел на Хаман: “Диди, спреми се, го менуваш Траоре“.

Масажерот Дејв Гејли му шепнал на Рафа: ’Финан не може да издржи повеќе од 20 минути’. -Стив, фала за трудот, но не смееме да ризикуваме. Џими! Траоре! Уште си во игра, враќај се“, викал Бенитез. ’Што!? Што му рече!?’, му урлал Финан на масажерот, ’Финале на Лига шампиони е, сакам да играм! -Не, не можеме да ризикуваме со тебе Стив. Решено е.“, заклучил Бенитез, а Траоре се вратил гол од туширање пак да ги облече дресот и шорцевите.

Таман Рафа да почне да зборува за тактиката, судијата ги викнал дека е време...

ПРОБЛЕМАТИЧНО ДЕТЕ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ

Во животот на Јиржи можело и да го нема финалето на ЛШ. По раѓањето на помладиот син мајката на Дудек, Рената отишла на гости кај сестра и. Двегодишниот Јиржи трчал околу масата и турнал неколку шолји со врело кафе. Од болка изгубил свест.

Во болницата не сакале да го примат: ’Вие ни донесовте мртво дете?’. По брзо убедување, на Дудек му ја избричиле главата и го ставиле на инфузија. Од болница го пуштиле после еден месец обвиткан во завои како мумија.

Од тогаш мајка му веќе никогаш немала шолји во домот, а Јержи имал изгореници од трет степен. Како дете се срамел од трагите на телото, особено кога се делеле на две екипи а тој секогаш играл без дрес. 20 години подоцна му понудиле хируршки да му ги отстранат трагите, но Јиржи одбил.

На 19 години ловел ракови во планинската река, но еднаш се лизнал и почнал да се дави. Другарите го приметиле и успеале да го спасат. Јиржи отишол дома мокар и валкан, но никој од луѓето кои оделе на неделната миса не го забележал: изгледал како млад рудар кој оди на спиење после смената.

ВОЗОТ СО ПОЛСКИТЕ ВОЈНИЦИ И БЕГСТВОТО ОД БОЛНИЦА

Веќе не ловел ракчиња, а децата кои го спасиле во реката станале негови најдобри другари. Во декември 1993-та година решиле да слават Нова Година на брегот на Балтикот. До таму оделе со воз во кој се враќале и војници на отпуст за празниците.

Во возот Јиржи приметил опасна тепачка меѓу двајца војници. Еден од нив извадил нож но Дудек го совладал и му го земал. Спасениот војник тргнал да бега но едната врата била заглавена, поради што Јиржи го скршил стаклото со глава. „Уште не сфаќам зошто ја скршив стаклената врата со глава. Изгледа испив многу пива“, признава Дудек во биографската книга Jerzy Dudek: A Big Pole in Our Goal - Autobiography .

Три години претходно Дудек учел во рударско училиште и играл за јуниорскиот состав на Горник од Кнуров. Кога почнале тренинзите, Јиржи четири часа минувал во рудник, а потоа одел на игралиште.

Лекарските прегледи покажале дека Јиржи имал ниско ниво на хемоглобин. Му се појавила Анемија. „Сериозно ли е тоа, што е?, се исплашил тренерот Адам Тапала, ’Да му дадеме витамини?’ -Ќе има додаток во исхраната и се ќе биде добро. Но ќе мора да лежи. ’Но ние скоро го играме мечот на сезоната во Гливице!“. Лекарите не дозволиле, но Дудек го успокоил тренерот: “Во недела ќе излезам во прошетка, чекајте ме во кола со опремата“.

Горник победил 2:1, а Јиржи бранел со работничките ракавици на татко му на кои ставил амблем Адидас. После мечот облекол пижами, се вратил во болница и и рекол на сестрата дека се задржал во прошетка во дворот.Откако станал четврти голман во првиот тим, Јиржи чистел трибини, ја косел тревата, истурал креда за линиите. Рударското школо му било во втор план, а набрзо преминал во третолигашот Конкордија.

ДЕБИТО ВО ПРВА ЛИГА ПРОТИВ ШАМПИОНОТ ЛЕГИЈА

Пред Новата 1995-та, Дудек го забележале на турнир за мал фудбал. Играл за екипата на ноќниот клуб „Милано“, бил најдобар голман за што добрил награда радио за во кола.

После четири месеци дебитирал во прва лига за својот нов клуб Сокол од Тихи на мечот против Легија Варшава која тогаш чекала четвртфинале на ЛШ против Панатинаикос.

„Гледајте со какво срање од екипа играме“, им рекол во тунелот на соиграчите голманот на Легија Мајчеј Шчешни, но забележал дека на колегата не му било до хумор: „Што е мали, прва утакмица ти е? Јиржи само климнал со глава од возбуда. На мечот примил два гола, а после три месеци ја добил и првата плата од фудбалот.

СВАДБАТА СО МИРЕЛА И СЕЛИДБА ВО РОТЕРДАМ

На 15. јуни Јиржи се оженил со неговата девојка. Свадбата траела до пет сабајле, а во осум Дудек тргнал за Варшава од каде летал за Јужна Америка на младинското првенство каде го чекале Бразил и Аргентина.

Дента по враќањето од таму дебитирал и за сениорите на Полска на пријателска во Бидгошд. После неа менаџерот Јан де Зеув му предложил да дојде на проба во Феенорд. ’Може ли да ја земам и жена ми?’, прашал Јиржи. После свадбата воопшто не сум ја видел. - Не, ќе ја земеш ако ти понудат договор“. Дудек до тогаш никогаш не патувал сам во странство. И воопшто до Јужна Америка само два пати излегол од Полска.

Еднаш како тинејџер на турнир во Гелзенкирхен и во јануари 96-та на припремите на Сокол во Холандија. Тогаш се запознал со агентот де Зеув. Како најмлад во екипата на Сокол ја возел опремата, но пред мечот со Феенорд 2 се сетил дека ја заборавил во дворот од хотелот, пишува во првата книга Pod presja.

После половина година Дудек се вратил во Ротердам и по една недела проба на тренинзите со Роналд Куман, Хенрик Ларсон и Џовани ван Бронхорст потпишал 5-годишен договор со Феенорд.

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАВИВАЧИТЕ

Како по традиција, Феенорд секоја сезона ги претставува засилувањата со хеликоптер на стадионот „де Кујп“. После 20 кругови над арената, Јиржи бил спремен да скокне со падобран кога пилотот му рекол: ’Кога ќе слеташ, не мафтај со рацете’. Како да не мафтам си помислил Дудек кога те чекаат 50.000 навивачи. Но кога слетал на тревникот видел дека над него од падобранот висат заштитни ножеви и сфатил што му кажал пилотот.

По заминувањето на де Гој во Челси, Дудек станал прв голман на Феенорд. Во пролетта ’99-та клубот бил прв и на пет кола до крајот требал да ја победи само Бреда за титулата. Утрото пред мечот со Бреда Јиржи сковал подробен план:

15:00 - почеток на мечот
17:00 - церемонија врачување на пехарот
17:15 - почесен круг
17:00 - благодарност до навивачите
17:30 - враќање во соблекувална
18:15 - прием во Градската Куќа
18:45 - прослава на титулата на плоштад
19:15 - прослава со соиграчите
22:30 - вечера со жена му

Со головите на Томасон и Хулио Круз Феенорд водел, но Бреда израмнила преку Дмитриј Шуков и Арвеладзе. Среќа конкурентот Витесе изгубил од Најмеген па Ротердам можел да слави титула.

Дудек наскоро бил прогласен за најдобар голман во лигата во избор на весникот De Telegraaf, дебитирал против Челси во Лигата на шампионите. Кога му ја врачиле наградата водителот му рекол: „Дојди Јиржи, качи се, има писмо за вас. Ќе го прочиташ? -Ако е на холандски, тешко. ’На полски е, дојди’. -Од кого е? ’Од Римскиот Папа’.

Дудек мислел дека ова е дел од сценариото, салата се смеела, но на крајот добил коверт и видел писмо од Папата Јован Павле II од Полска.

НАМЕСТО ВО ЛОНДОН, ПРОДОЛЖУВА ЗА ЛИВЕРПУЛ

Во мај 2001 Јиржи и неговиот менаџер де Зеув стигнале во Лондон да потпишат договор со Арсенал. Венгер го земал Дудек на екскурзија по тренинг центарот, а потоа влегле и на теренот на Хајбери и ВИП-ложата каде со потпретседателот Дејвид Дин договориле 5-годишен договор.

Кога се вратил во Ротердам, Јиржи три недели учел англиски, а потоа дознал дека шефот на Феенорд Јирген ван дер Херик го стопирал трансферот - барал десет милиони, а Арсенал давал шест. Венгер тогаш се свртел кон друг голман и го довел Ричард Рајт од Ипсивч, а Дудек се вратил во Феенорд каде го чекале со цвеќиња.

По поразот во дербито со Ајакс истата година, агентот му кажал на Дудек дека се сретнал со тренерот на Ливерпул Жерар Улие и дека му ѕвонел Масимо Морати од Интер на кого итно му треба голман. ’Можеш да бираш Дудек’, му рекол де Зеув, а Јиржи се решил за првата варијанта.

Уште од првото патување во странство во Германија како млад носел шал на Ливерпул и тоа бил неговиот најдраг сувенир. Скоро 10 години поминало од тогаш но Јиржи не заборавил.

Лекарите на Ливерпул дошле на пријателската Полска - Норвешка за да му ги направат тестирњања. На крајот од мечот му се јавила жена му и му рекла: ’На радио кажаа дека не си поминал на медицински прегледи. Што се случи?’. Се испоставило дека заборавиле да му направат анализа на крвта.

Дудек ги примил во Варшава, а резултатите ги пратиле во Англија по факс и така трансферот бил успешен. По мечот со Норвешка, полските новинари го прашале Јон-Арне Рисе за него, а тој се изненадил: ’Дудек? Кој е тој? Не го знам. Голман е? Па ние веќе имаме голман’.

ЕНФИЛД РОУД, КИКСОТ ПРОТИВ МАНЧЕСТЕР И ВИНОТО

По слетувањето во Ливерпул, на аеродромот го сретнал Вестефелд - голманот за кој зборувал Рисе. Вестефелд тогаш се вратил од репрезентацијата и му кажал на Дудек дека Жерер Улие му ветил како нема да зема нов голман.

Во исто време Ливерпул поптишал и со Крис Киркланд од Ковентри, дури за него платил повеќе отколку за Дудек, но Јиржи ги победил конкурентите и станал прв голман на мечот против Манчестер Јунајтед. За тој меч Дудек ги викнал другарите од Холандија и Полска кои го виделе голот на Диего Форлан во 64. минута после големиот кикс на полскиот голман.

“Првпат во животот сакав да се затворам дома, да спуштам ролетни, да отворам шише водка и да заборавам на се“, пишува Дудек во книгата.

После три месеци Ливерпул го совлада Јунајтед во финалето на Лига Купот, а Дудек го избраа за играч на натпреварот. За таквиот развој му помогнал францускиот психолог Жак Кревуаје кој го ангажирал Жерар Улие.

Пред финалето, психологот им кажал на играчите на Ливеруп да се однесуваат како јато гуски. Новинарите откриле дека тој психолог така ги воодушевил и навивачите на Арсенал. Но набрзо Улие изгубил контрола над играчите, младиот Џерард се степал со вториот тренер Томпсон, легенда на клубот и ситуацијата морал да ја средува новиот тренер Рафа Бенитез.

На првиот летен тренинг Јиржи дознал дека Бенитез за нов голман го планире Пепе Рејна кој го платиле 6 милиони фунти. ’Но, ќе ти давам шанса во Купот’, му рекол Рафа на Полјакот.

Пред дуелот со ЦСКА Софија во квалификациите за ЛШ, Дудек се загревал со тренерот на голманите Очотрено но по неколку паради ја повредил раката и не бранел. Во 2006-та на Дудек му се родиле две ќерки, на 23. јануари и на 28. декември, но на теренот немал многу радост: поради повредата пропуштил скоро цела сезона а бранел само во последното коло кога Рејна морал да оди на свадба во Шпанија.

ШПАНСКА АВАНТУРА И НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО КАРИЕРАТА СО РЕАЛ

По завршувањето на договорот со Ливерпул, Дудек дошол во Бетис каде го викал некогашниот соиграч од “Енфилд Роуд“ Марк Гонзалес: „Нас ни треба голман. Ова е добар клуб, ти му требаш на тренерот. Ќе ти помогнам да се адаптираш“.

Дудек слетал во Севиља, но газдата на Бетис Хосе Леон не дошол на преговорите. Се појавила секретарката која му рекла дека Леон го вика на вечера и му понудила договор кој се разликувал од договореното: клубот плаќал 40% од договорот а останотото фирмата на Хозе Леон.

Марк Гонзалес кажал дека имал исти услови, но Јиржи не прифатил. Истио ден дознал дека Бетис потпишал со Португалецот Рикардо, а во меѓувреме му се јавил спортскиот директор на Реал Мадрид Мијатовиќ кој му понудил да биде втор голман за да го мотивира Касиљас. „Прифаќам“, рекол полскиот голман и стигнал на „Бернабеу“.

Во Мадрид после Шустер тренер стана Жозе Мурињо кој вовел нова пракса, играчите пред мечот да спијат во хотел. Касиљас и Серхио Рамос се бунеле но Жозе им дал аргумент: „Еднаш неделно на жена ми и треба одмор. Секој ден ме гледа, така да еднаш во неделата сака да биде сама поради што ќе спиеме во хотел. Мојата одлука е конечна!“

Во својата биографија, Дудек открива и како после ремито со Барса во април 2011-та Мурињо влегол во соблекувалната и урлал: „Четири часа пред мечот на телевизија го имаше нашиот состав. Како може да изненадиме некој кога во тимот имаме глувци. Можеби си ти, Гранеро? Кој и да е ќе го најдам!“, и удрил пластично шише во ѕидот.

„Седевме во тишина, како истепани кучиња“, вели Дудек во својата последна книга од 2015-та, ’Нереална кариера’. Во Мадрид подоцна се дозна дека информациите ги добивала новинарката Сара Карбонеро од сопругот Икер Касиљас.

Во 2011 Дудек последен пат бранеше за Реал. Мурињо сакал да го стави капитен, но Перес се заканил така што најголемите овации Јиржи ги добил кога го извадиле од игра во 77’ минута од мечот при резултат 7-1 против Алмерија. Му аплаудираа сите четири трибини а го гушкаа соиграчите Роналдо, Езил, Пепе, Рамос и другите. Марсело му рекол: ’Кога ти освои Лига на шампиони, јас уште играв мал фудбал во Бразил’.