На епското финале во Истанбул на денешен ден во 2005-та година, на стадионот „Ататурк“, Јиржи Дудек во продолженија при резултат 3:3 прави нешто необјасниво. После на пенали бранеше како луд и Ливерпул стана европски шампион.
Најлегендарното финале во Лигата на шампионите го одбележа неверојатниот пресврт на Ливерпул и нормално, лудиот Полјак Јиржи Дудек кој одбра смешен начин да ги буни Миланезите и му успеа.
Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.