2006-та година, Реал Мадрид против Севиља 4:2. Гути смири една топка и направи потег со кој ги збуни сите, па дури и стрелецот на голот, Зинедин Зидан. Маестрална, импресивна и неповторлива асистенција.
Заборавете ја голеадата од синоќешниот меч меѓу Депортиво Ла Коруња и Реал Мадрид и вратете се на едно нивно друго соочување од минатото. Некои работи едноставно не ги прават ниту Меси, ниту Роналдо, ниту Роналдињо. Прво треба да ти текне, второ да не си себичен и трето да имаш очи на грбот. Ова е неповторливо.
Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.
Дресот на Реал Мадрид, Гути го носеше од 1994 до 2010 година. Со Кралевите пет пати ја освојуваше Ла Лига и три пати Лигата на шампионите. Навивачите на Реал го паметат како заменик капитен со неверојатно прецизна левица.