На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за полуфиналето на Лигата на шампиони. Руд ван Нистелрој ги извлече двојките Баерн Минхен - Барселона и Борусија Дортмунд - Реал Мадрид.
Вечерашните реванш четвртфинални мечеви ќе ги даде првите два патника во големата четворка од Лигата на шампионите. Галатасарај ја има најтешката мисија против „Кралевите“ и ќе брка негатива од 3:0, а картите на мечот Борусија Дортмунд – Малага се целосно отворени со оглед на оние 0:0 од првиот меч.
Реал Мадрид го победи Галатасарај со 3:0 и стекна голема предност која ќе им гарантира порелаксиран реванш во пеколниот Истанбул. Малага и Борусија Дортмунд одиграа натпревар со многу шанси, но без голови.
Фудбалското внимание во втората четвртфинална ноќ од Лигата на шампионите ќе биде свртено во Мадрид и Малага кои ќе ги нагостат екипите на Галатасарај и Борусија Дортмунд. Битката на Сантијаго Бернабе ќе се води и помеѓу најдобрите стрелци оваа сезона Роналдо и Јилмаз кои имаат по 8 гола.
Натпреварите Арсенал-Баерн Минхен и Малага-Порто ќе ги дадат последните два патника во големата осумка од Лигата на шампионите. Топџиите имаат негатива од 3:1 по првиот дуел на „Емирати", а Порто има минимални 1:0 против дебитантот во ова натпреварување.
Барселона е првиот тим кој успеал да се врати по негатива од 2:0 во Лигата на шампионите и со двата гола на Меси, Виља и Алба го декласираше Милан со 4:0, резултат кој ги одведе во четвртфиналето. Сензација на гостински терен направи Галатасарај кој со 3:2 го победи Шалке.
Највозбудливото клупско европско натпреварување вечерва ќе ни открие кој гигант ќе се радува, а кој од Милан и Барселона ќе го напушти Камп Ноу со наведнати глави. Голема неизвеснот нуди и втората пресметка на „Гелзенкирхен" каде Снајдер и Дрогба ќе се обидат да го сопрат домаќинот Шалке.
На вечерашните два осминафиналните дуели од Лигата на шампионите, фаворитите само го потврдија пласманот помеѓу најдобрите 8 екипи. ПСЖ ремизираше 1:1 на „Паркот на принцовите“, а „Старата дама“ славеше и во вториот дуел против Селтик овој пак со 2:0.
Лидерите од француското и италијанското првенство обезбедија значајни гостински победи на првите дуели и драстично ја намалија неизвесноста во втората осминафинална рунда во ЛШ. Валенсија има негатива од 2:1, а Селтик ќе ја брка големата предност на Јуве од 3:0.
Лондонскиот тим кој минатата година ја освои првата титула во Лигата на шампионите, поради банални причини го смени постерот пред стадионот „Стемфорд Бриџ" каде се наоѓаше италијанскиот стратег Роберто Ди Матео.
Играњето на гостински терен е тешка задача за секој клуб во Премиер лигата. Во 21-годишната историја на лигата, само Манчестер Јунајтед има победено на повеќе од половината гостински натпревари.
Иако конечниот резултат на мега пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед заврши 1:1, гигантите на европскиот фудбал ги оправдаа очекувањата. Вториот дуел во Украина исто така заврши без победник, а на крајот беше 2:2.
Екипата на Далас Маверикс кон крајот на втората четвртина на натпреварот против Портланд во еден момент на паркетот имаше 6 кошаркари, но тоа не им помогна и тие на крајот загубија со 106:104 со поените на Олдриџ со звукот на сирената.
Њукасл конечно победи по пауза од еден месец. Тие славеа на гостувањето кај Астон Вила со 1:2, а вториот погодок беше ремек-дело на Јоан Кабај и гол со кој францускиот интернационалец си се кандидираше за гол на сезоната во Премиер лигата.
Англичаните направија анализа на вредноста на влезниците за натпреварите во однос на бројот на головите. Некои сопственици на сезонски влезници платиле 6 пати повеќе за секој гол што го виделе минатата сезона.
Екипите кои на полувреме губат на гостување кај Манчестер Јунајтед можат да заборават на поените. Скоро 30 години никој нема победено на Олд Трафорд откако губел на полувреме.
Фудбалерите на Стоук се познати по нивната тактика на долги уфрлувања при изведувањето на аути, па Манчестер Сити им го скрати просторот до теренот со помош на рекламните паноа.
И додека во повеќето првенства веќе започнаа зимските паузи, а нашата фудбалска лига ја има една од најдолгите во Европа, за Англичаните нема ни празник, ни делник па само за новогодишните празници во рок од 8 денови ќе одиграат 3 кола.
На почетокот на овој месец НБА ги испрати првите предупредувања до двајца симуланти, а вчера ја изрече и првата парична казна. Првиот кошаркар кој ќе плати казна за флопинг е Реџи Еванс.
Во претпоследното коло од Лигата на шампиони, екипата на Манчестер Сити е елиминирана по ремито со Реал Мадрид, а пласман во следната фаза обезбедија Порто, ПСЖ, Шалке, Арсенал, Малага и Милан.
Актуелниот шампион е пред елиминација откако во претпоследното коло загуби на гостувањето кај Јувентус. Меси постигна уште два гола и се доближи на само пет погодоци до рекордот на Милер, Манчестер Јунајтед не го преживеа пеколот во Истанбул, а Валенсија и Баерн Минхен одиграа нерешено.
Актуелниот европски шампион го победи Шахтјор со гол во 94-та минута, а Манчестер Јунајтед триумфираше во Брага со пресврт во последните минути. Најголемото изненадување го приредија фудбалерите на Селтик кои ја победија Барселона.