Според анализата на Телеграф, минатата сезона за парите кои ги дале најмногу добиле навивачите на Манчестер Сити. Најефтиниот сезонски билет на Манчестер Сити минатата сезона чинел 260 фунти, а овој тим на домашен терен дал 55 гола. Тоа значи дека навивачите на Манчестер Сити за секој гол што го виделе на нивниот стадион платиле по 4,73 фунти.
Најскапо поминале навивачите на Ливерпул кои платиле 6 пати повеќе од оние на Манчестер Сити и двојно повеќе од просекот на лигата. Најефтиниот сезонски билет на Енфилд чинел 725 фунти, а фудбалерите на Ливерпул минатата сезона дадоа 24 гола на домашен терен, односно нивните навивачи платиле по 30,21 фунти за секој гол.
Останатите статистики можете да ги видите на интерактивната графика тука.