Барселона – Милан 4:0 (2:0)
Меси 5, 40, Виља 55, Алба 90
Големата фудбалска претстава почна во знакот на Каталонците кои играа "викторија" пред голот на Милан. Резултатот го отвори Лионел Меси уште во 5-та минута со силен удар од работ на шеснаесетникот и се искачи на втората позиција на листата на стрелци во Лигата на шампионите со 57 гола, еден повеќе од Ван Нистелрој.
Опсадата пред голот на Милан траеше постојано, а Кристијан Абијати со тешки маки успеа да им ги одбрани 100 процентните шанси на Иниеста и Чави. Единствената и најсериозна шанса за Милан се случи во 38 минута кога по еден контра напад Нијанг се најде очи во очи со Валдез, но ја погоди стативата.
Казната стигна во следната минута кога Иниеста го пронајде Меси, кој повторно од околу 16 метри го матираше голманот на Милан.
Во вториот дел сликата на „Камп Ноу" повторно беше иста, а Давид Виља во 55 минута, по одличната асистенција на Чави ја пласираше топката за 3:0. Конечниот резултат го постави Жорди Алба во последните мигови од средбата.
Шалке – Галатасарај 2:3 (1:2)
Нојштатер 17, Бастот 63 – Алтинтоп 37, Јулмас 42, Булут 94
На вториот дуел на стадионот „Гејзеркилхен" иако Галатасарај беше поконкретен и беше поблиску до гол, резултатот го отворија фудбалрите на Шалке преку Нојштатер во 17 минута. Израмнувањето стигна преку Алтинтоп во 37 минута со прекрасен погодок од 25 метри. На 3 минути до крајот на првиот дел Јулмаз направи целосен пресврт.
Иницијативата на Шалке во вториот дел се исплатеше во 63 минута, откако Јапонецот Учида украде една топка и му асистираше на Бастот кој израмни за 2:2. Во 94 минута составот на Фатих Терим преку Булут ги постави конечните 3:2.