Само Ајакс и Интер досега успеале да се пласираат во следната фаза од Лигата на шампионите, откако на првиот дуел на домашен терен биле поразени. Но и двете екипи имале негатива од 1:0 на средбите пред своја публика.
За фудбалерите на Арсен Венгер ситуацијата е многу потешка затоа што за пласман во четвртфиналето им е потребен триумф од 3:0, против екипата која сезонава е во врвна форма со само 3 примени гола во Лигата и шампионите на домашен терен, но и со 20 бодовна разлика зад второпласирана Борусија во домашното првенство.
Тимот на Баерн Минхен во три од изминативе четири сезони се изборува за пласман помеѓу најдобрите 8 во најквалитетното клупско европско натпреварување, додека Арсенал е многу близу до елиминација во осминафиналето трета сезона по ред.
Последен пат во оваа фаза, овие две големи екипи се сретнаа во 2005 година, а понатаму отидоа Германците. И тогаш првиот дуел заврши 3:1 за Баерн но во Минхен, а на раваншот во Лондон голот на Анри не беше доволен за анулирање на предноста.
Втората пресметка ќе биде понеизвесна затоа што Порто на домашен терен успеа да направи предност од само 1:0, резултат кој му дава надеж на дебитантот во Лигата на шампионите.
Избраниците на Пелегрини имаат шанса пред своите навивачи уште во првото учество во елитното друштво да остварат фантастичен пласман и да се најдат помеѓу најдобрите 8 екипи.
Малага до сега само еднаш има играно против португалска екипа, а тоа се случи во Купот на Уефа против Боависта, кога славеше со 1:0.