И покрај тоа што за едно полувреме им дадоа 73 поени од кои 31 беа на Леброн и водеа 15 разлика, Лос Анџелес Лејкерс едноставно во оваа финална серија не можеше да излезе на крај со Јокиќ и другарите.
Нагетси ја одбранија и втората битка на домашен терен против Лос Анџелес Лејкерс пред серијата во финалето на Западот да се пресели на гостински терен. Импресивни 23 поени за Мареј во последната четвртина.
Спектакуларен старт за Никола Јокиќ во финалето на Западната конференција значи прва победа над Леброн Џејмс и дружината во битката најавувана како финале пред финалето во НБА лигата.
Толку требаше. Само два дена откако ги растури дома, им отиде на гости и им ја заврши сезоната. Јокиќ го врати Денвер во финалето на Западната конференција по пауза од три години.
Ново МВП издание на Никола Јокиќ кој не застанува да импресионира. Со моќната партија против Феникс Санс го бележи третиот трипл дабл во само една недела и 83-ти во кариерата. Нагетски се први на Запад.
Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч, постигна 30 поени (7/13 за два, 3/4 за три и 7/9 слободни фрлања) со 7 асистенции и 1 блокада. Но неговиот Денвер Нагетс на крајот изгуби убедливо со 103:89 од Филаделфија. Мечот го одбележи инцидентот кој го направи тренерот на Нагетс Мајк Мелоун кој после шест минути игра во трета четвртина беше исклучен поради приговор.
За најдобар кошаркар на регуларниот дел од сезоната во НБА е избран центарот на Денвер Нагетс кој заслужено ја добива наградата во силна конкуренција со Стеф Кари и Жоел Ембид.
Најлуд меч во досегашниот тек од НБА плејофот одиграа синоќа Денвер Нагетс и Портланд Трејлбејлзерс. Нагетси славеа дури после две продолженија 147-140 и сега водат 3-2 во серијата.
Денвер и Далас Маверикс одиграа супер дуел кој го добија Нагетси 117:113. Јокиќ уфрли 20 поени и 10 скока, а Дончиќ одново имаше ѕверска партија со трипл-дабл.
Фаворитот за титулата во НБА, ЛА Лејкерс поведе со 2:0 во финалето на Западот против Денвер откако славеше синоќа со 105-103. Нагетси неколку пати се враќаа, на три минути пред крајот надоместија -8 поени и поведоа со 12 поени по ред на Јокиќ, но последниот напад го имаа Лејкерс.
Да водиш 3:1 во плејоф и потоа да те елиминираат е реткост во НБА лигата. Синоќа се случи по само 12-ти пат во историјата, а херој беше Јокиќ кој ги постигна последните поени за победа.
Трите рекордни поентерски подвизи во плејоф натпревари во НБА се Мајкл Џордан (63 поени во 1986-та), Елџин Бејлор 61 поен во четвртиот меч од драматично финале во 1962-ра и...
Според ЕСПН, три НБА франшизи кои ги продолжиле тренинзите се Денвер Нагетс, Портланд Трејлбејзерс и Кливленд Кавс. Кај првиве на тренинг за расположение е задолжена „Угасила си ме“ од Џеј, пуштена од Никола Јокиќ.
Кога едно неделно утро пиел кафе и отворил да чита весник, на светски познатиот кошаркарски агент му паднало во око името на некое дете кое давало по 30 коша во јуниорските категории. Решил да го ангажира, а денес малиот игра во НБА.
После поразот од Чикаго, Кливленд го разби Мемфис 106:76, а вечерта ја одбележаа кошаркарот на Портланд Си-Џеј Меколум кој постигна највисоки во кариерата 37 поени и Коби Брајант со враќањето на паркет после повредата.
Во дербито на вечерта во НБА лигата, тимот на Лос Анџелес Клиперс предводен од феноменалниот Крис Пол ја совлада Оклахома Сити на гости. Хокси поразени од Нагетси.