Со 30 поени и 14 скока, Никола Јокиќ синоќа ја реши Јута Џез и го однесе Денвер во полуфиналето на Западната конференција каде ќе се сретне со Лос Анџелес Клиперс.
Србинот ги постигна последните поени на средбата која заврши 80:78 на нивното седмо соочување и со тоа Нагетси успеаа да се вратат и да слават во серијата со 4:3, по негатива од 1:3.
Само 11 тимови претходно успеале да направат таков подвиг.
За Јокиќ пласманот во следната рунда од плејофот беше бенефит плус, бидејќи ќе заработи половина милион долари според договорот кој го има.
Ова се неговите решавачки поени, а им одигра под кош школски во стилот на Олајџивон.
И потоа драма од 17 секунди со три утки од кои две на Јута која преку Мајкл Конли промаши тројка за триумф.