Нова лекција на Јокиќ со трипл дабл, Денвер - Лејкерси 2:0

Нагетси ја одбранија и втората битка на домашен терен против Лос Анџелес Лејкерс пред серијата во финалето на Западот да се пресели на гостински терен. Импресивни 23 поени за Мареј во последната четвртина.

Денвер Нагетс одигра маестрална партија со фантастичен пресврт и од -11 во средина на третата четвртина успеа да стигна до +12 на 5 минути до крајот на мечот и да победи со 108:103.

Никола Јокиќ стана прв играч во историјата на НБА плејофот со 23 поени, 17 скокови, 12 асистенци и 3 украдени топки на еден натпревар, како и прв играч во историјата со четири последователни трипл-дабл учиноци во плејофот со над 20 постигнати поени.

Сега му фали уште само еден трипл-дабл за да го стигне историскиот рекорд на Вилт Чембрлен од 1967 година кој имаше седум трипл дабл во еден плејоф.

Најпрецизен на мечот беше Џамал Мареј со 37 поени, 10 скокови, 5 асистенции и 4 украдени топки, од кои дури 23 поени и шест тројки во последната четвртина.

Кај Лејкерс со по 22 поени најефикасни беа Леброн Џејмс, кој имаше уште 9 скока и 10 асистенции, како и Остин Ривс.

Следните два меча се играат во Лос Анџелес и сега Езерџиите се под голем притисок, бидејќи ако загубат дома барем еднаш, Денвер ќе биде многу блиску до финале. 

И Лејкерс како и Денвер, засега се без пораз на домашен терен во плејофот оваа сезона.

 
19 мај 2023 - 08:41