Нагетси одат понатаму со вкупни 4:2, откако ноќеска го совладаа Феникс Санс како гости со 125:100.
Никола Јокиќ не знае за доста и со секој настап во плејофот влегува во некој нов историски статистички податок во НБА лигата.
Неговиот нов трипл дабл овој пат се состои од 32 поени (13/18 од поле, 6/6 за од слободни), 10 скока, 12 асистенции, 1 блокада и 3 украдени топки.
Ќе игра второ конференциско финале после она во сезоната 2019/2020 кое го загуби 4:1 од Лејкерси.
Денвер максимално го искористи отсуството на двајца стартери во тимот на Феникс, повредените Крис Пол и Диандре Ејтон.
Домаќините немаа шанси на шестата пресметка бидејќи веќе во првата четвртина беа во негатива од 44:26, а на полувреме губеа со огромни 30 поени разлика 81:51.
Во конференциското финале Нагетси ќе се сретнат со победникот од дуелот меѓу Лејкерси и Гојден Стејт каде резултат е 3:2.
Јокиќ стана петти играч во историјата на НБА плејофот со 11 трипл дабл учиноци. Другите се Меџик Џонсон, Леброн Џејмс, Расел Вестбрук и Џејсон Кид. Кои му се границите на овој човек?
Nikola Jokic 30-point Playoff triple-double 🗣️
— NBA (@NBA) May 12, 2023
32 points
10 rebounds
12 assists
Nuggets advance to the Western Conference Finals ‼️#NBAPlayoffs presented by @GooglePixel_US pic.twitter.com/sYjSopsNHG
Only 3 players in NBA history have averaged a 30+ point triple-double in a Playoff series.
— NBA History (@NBAHistory) May 12, 2023
LeBron James – 2017 NBA Finals
33.6 PTS, 12 REB, 10 AST
Russell Westbrook – 2017 WC First Round
37.4 PTS, 11.6 REB, 10.8 AST
Nikola Jokic – 2023 WC Semifinals
34.5 PTS, 13.2 REB, 10.3… pic.twitter.com/8Ly8lkbu2W
Nikola Jokic is the 5th player in NBA history to reach 11 career Playoff triple-doubles.
— NBA History (@NBAHistory) May 12, 2023
Magic Johnson – 30
LeBron James – 28
Russell Westbrook – 12
Jason Kidd – 11
Nikola Jokic – 11 pic.twitter.com/gmdEouYImp
Nikola Jokic’s last 10 games in the playoffs:
— NBACentral (@TheNBACentral) May 12, 2023
32 PTS - 10 REB - 12 AST
29 PTS - 13 REB - 12 AST
53 PTS - 4 REB - 11 AST
30 PTS - 17 REB - 17 AST
39 PTS - 16 REB - 5 AST
24 PTS - 19 REB - 5 AST
28 PTS - 17 REB - 12 AST
43 PTS - 11 REB - 6 AST
20 PTS - 11 REB - 12 AST
27 PTS - 9… pic.twitter.com/dRwE4tNgqF