Јокиќ и Мареј ги растурија Лејкерси среде Лос Анџелес, Денвер е со една нога во финале

Нагетси се на само една победа до првото НБА финале во нивната историја. Водат 3:0 во Западната конференција.

После двете победи пред своја публика, Денвер демонстрираше моќ и на првиот меч во Крипто.ком арената и го победи Лос Анџелес Лејкерс со 108:119.

Никола Јокиќ конечно беше сопрен да не блесне со трипл дабл, ама повторно одигра на ниво со личен скор од 24 поени, 8 асистенции и 6 скока.

Најдобар на средбата беше Џамал Мареј со 37 поени од кои 30 ги постигна во првото полувреме.

Во поразениот тим Ентони Дејвис заврши со 28 поени и 18 скока, а Леброн Џејмс со 23 поени, 7 скока и 12 асистенции.

Четвртата партија се игра во вторник во 2:30 по македонско време, повторно во Лос Анџелес.

 
21 мај 2023 - 08:37