Успешно враќање после здравствени проблеми од февруари годинава имаше и Крис Бош. Во триумфот на Мајами над Шарлот 104:94, Бош уфрли 21 поен:
Џахил Окафор постигна 26 поени и 7 скокови во своето НБА деби. На мечот кој неговата Филаделфија го загуби од Бостон 112:95, Окафор стана првиот центар после 30 години кој на своето деби дал над 20 поени.
Си-Џеј Меколум даде 28 поени во првото полувреме од кои 23 во првата четвртина на мечот Њу Орлеанс - Портланд:
Рамон Сешнс од Вашингтон се фрли во публика, каде го пречека еден чичко:
Коби Брајант се врати на паркет после долга пауза и постигна 24 поени но имаше само 3 погодени тројки од 13 обиди во поразот на Лејкерс од Минесота. После мечот, тренерот Бајрон Скот изјави „13 обиди се претерано многу“:
Топ 10 потези на вечерта:
Резултати НБА:
Бруклин – Чикаго 100:115
Орландо – Вашингтон 87:88
Бостон – Филаделфија 112:95
Детроит – Јута 92:87
Мајами – Шарлот 104:94
Торонто – Индијана 106:99
Хјустон – Денвер 85:105
Мемфис – Кливленд 76:106
Милвоки – Њујорк 97:122
Оклахома – Сан Антонио 112:106
Феникс – Далас 95:111
Портланд – Њу Орлеанс 112:94
Сакраменто – ЛА Клиперс 104:111
ЛА Лејкерс – Минесота 111:112