Трипл дабл број 12 во плејофот за Јокиќ, Денвер - Лејкерси 1:0

Спектакуларен старт за Никола Јокиќ во финалето на Западната конференција значи прва победа над Леброн Џејмс и дружината во битката најавувана како финале пред финалето во НБА лигата.

Денвер Нагетс го одбрани домашниот терен во првата финална битка на Западот и поведе во ефикасен меч со конечни 132:126.

Јокиќ продолжува со страшната форма и оствари нов трипл дабл од 34, 21 и 14 асистенции. Му беа потребни само 26 минути игра по кои имаше 23 поени, 17 скока и 11 асистенции.

За него сезонава ова е шести трипл дабл и му фали уште само еден за да се израмни со легендарниот Вилт Чемберлен кој во далечната 1967 година оствари седум.

На вечната листа го мина Џејсон Кид и се искачи на третата позиција со вкупно 12 колку што има е Расел Вестбрук. 

Најголема помош доби од Џамал Мареј кој беше одличен со 31 поен, а во поразениот тим најдобри беа Ентони Дејвис со 40 поени и 10 скокови и Леброн Џејмс со 26 поени и 12 скокови. Му фалеше само една асистенција за трипл дабл.

Втората пресметка е ноќта во петок према сабота во 2:30.

Луда тројка на Јокиќ како од шала

17 мај 2023 - 09:12