Има така облачни денови кога нè огрева зрак сонце од тотално банално, но крајно откачено откритие. На пример, дека постои книга со 3000 кастинг кредити на кои вообичаено никој не им обрнува внимание, скриени некаде на крајот од филмските шпици.
Две значајни антрополошки организации од САД и Канада организираат конференција. На неа се пријавува тим кој сака да зборува за биолошкиот пол како за (се уште) значајна категорија во општествените и хуманистичките истражувања. Без да ги повикаат на разговор, организаторите го бришат нивниот панел од програмата. Овие остануваат со купените авионски карти и биолошкиот пол в рака.
Денешните млади сè помалку ги интересира секс, дроги и криминал. Веќе неколку децении наназад, младата популација сè поретко влегува во ризични активности. Но, ако не прават проблеми во опшптеството, не значи дека си немаат проблеми самите со себе.
Полски музеј ги моли своите посетители да престанат да водат љубов во неговите простории. На социјалните мрежи се бараат видеата. A во одбрана на паровите заинтересирани и за историја, но и за биологија, некој вели - па има ли нешто повозбудливо од тоа да видиш топ во живо?
Љубопитноста, според една англиска поговорка, ја убила мачката. Но што претставува таа? Од каде доаѓа и како функционира? Нова книга, напишана од идентични близнаци - филозоф и биоинженер, се обидува да одговори на овие прашања.
Иако се вели дека денес се нема срам, тој е моќно и понекогаш корисно средство во рацете на оние кои се обидуваат да истераат некаква социјална правда, но и обратно, во рацете на оние кои сакаат срамот да го користат како начин да спречат било каква активност спротивна на нивните интереси.
Царските архиви во Токио содржат различни медицински совети за долговечност. Меѓу нив и такви кои имаат врска со суптилната уметност на спалната соба. Запомнете го бројот десет.
Христијанска религиска заедница со потекло од Велика Британија, била позната по тоа што доживувала епизоди на „тресење“ по целото тело од верски занес во текот на проповедите. Пристигнале во САД во 1774, и не биле пречекани со ентузијазам. Една од причините било нивното отфрлање на бракот и телесните задоволства воопшто.
Многу придобивки има од тоа што општеството разви потранспарентна и побесрамна врска со сексот. Секако значи прогрес кога она што се случува во нечија спална повеќе не е прашање на јавен морал. Но дали се само придобивки? Супер е што сега геј-врските не се билет во еден правец за затвор, и што луѓето веќе не им судат на мажите и жените што се впуштаат во секс без обврски. Но дека има негативни страни - има.
Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
Пандемијата успеа и тоа да смени - како луѓето што се сингл се снаоѓаат сега во љубовниот живот, каде што влегува бирањето партнери, размислувањето за сексот и други ситници.
Инсектите кои на англиски се познати како „ирвигс“ (уволази) од семејството дермаптери, или инсекти со кожести крила, препознатливи по парот закривени „клешти“, се предмет на истражување на јапонски научник, кој се фокусира на нивните сексуални ритуали. Мажјаците имаат два пениса, но некои од нив го користат само левиот а други само десниот, е неговиот заклучок по две децении набљудувања и снимања на сиротите инсекти.
Нова книга на канадско-американскиот психолог Пол Блум, која излезе вчера, 2.11, тврди нешто што изгледа како парадокс - дека вистинскиот вид страдање го отвора патот до среќата. Болката може да нè дефокусира од нашите стравови и да ни помогне да се надминеме себеси. Едно од поглавјата се однесува на родителството, како на извор и на болка, и на исполнетост.
Нова книга на психијатарот Ана Лембке ја поврзува нашата опседнатост со мобилните телефони со инстинкт стар милиони години - принципот на потрага по задоволство, а одбегнување болка.
Кога новинарот Стивен Курци (Stephen Kurczy) тргнал од Њујорк во длабоката провинција на Западна Вирџинија, бил убеден дека ќе го најде модерниот Валден - оаза незагадена од последиците на дигиталната ера. Но дали навистина пристигнал во најтивката област во Америка?
Со шубе насловов да не се сфати како предлог, да појасниме дека ова е експеримент во американски средни училишта. Чии резултати се оценети како сомнителни.
Дин Барнет е невронаучник, комичар и автор. Во негова нова книга (август 2019) тој се обидува да ги опише предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе денес, и да ни порача - слушнете ги што имаат да кажат и простете им ако тоа понекогаш го прават неспретно и арогантно. Па, отсекогаш и било така.
Феноменот има име - бифазна или бимодална шема на спиење, која се задржала долго во човечката историја. Кога и зошто се случило да почнеме да спиеме цела ноќ?
„Почнува со секс и завршува со насилство“, вели авторот Мајк Шанахан за животниот циклус на тн. смоквина оса. Неговата нова книга се однесува на историјата на смоквата, но таа не може да биде раскажана без онаа на спомнатиот инсект - еволутивниот партнер на ова дрво.
Во науката за сексот многу повеќе внимание е посветено на чинот на имањето секс - кога, каде, со кого - отколку на тоа што луѓето мислат за него. Еден истражувач одлучил малку да се позанимава со темата, и по спроведување на најголемиот проект посветен на сексуалните фантазии, издал книга во врска со тоа.
Наречена „поп стар на порното“, Стоја, актерка и продуцентка на филмови за возрасни со српско потекло, е бранителка на порно индустријата и еден од нејзините најартикулирани коментатори. Сега има и нова книга.
Стереотипно, средниот век го замислуваме како мрачен и тотално нееротичен. А пак историјата на сексот како линеарна, која тече од репресијата под христијанскиот запад, до денешната (наводна) сексуална слобода. Ама изгледа не било баш така...