И заклучуваат дека Ратајковски е супермодел што не сака да ја памтат само по тоа, па последниот обид да ни покаже дека „не е само тоа“ е колекција на есеи и нејзини размислувања. Како што ќе каже и самата, „фрустрирачки е што општеството некако смета дека жените не можат да бидат и политични, и феминистки и секс-симболи.“
Тогаш, штета е што „Моето тело“ не е многу повеќе од, па, нејзиното тело и опсесијата на луѓето со него. Освен наводите за силување и сексуални напади од дечковци-тинејџери, фотографи и Робин Тик, поголемиот дел од книгата е како тинејџерски дневник. Дури и ја боцка мајка ѝ што наводно не може да затне за тоа колку е Емили преубава.
Што се однесува до политиката, Ратајковски изгледа мисли дека нејзиниот „многу сакам да носам чипкани танги“ став кон животот е позитивно револуционерен. Не слушнала за Спајс Грлс кои тераа сличен „секси“ феминизам во ’90-те под слоганот girl power?
Ако сме искрени, никаква политика нема тука. „Моето тело“ најдобро се разбира како серија несодржајни размислувања што се движат наваму-натаму низ 30 години постоење. Си го третира читателот како терапевт, баш како и реалниот што вели дека го посетува два пати неделно.
Ако ништо друго, книгата барем обезбедува ѕиркање во општиот нарцизам на она што поминува како современ феминизам. Ратајковски вистински мисли дека секој досаден аспект од нејзиниот живот е бескрајно фасцинантен. Дури и се фали како ослабнала од стомачен вирус. Фасцинантни ствари. Ова е „јас, јас, јас“ феминизам, изваден од автобиографските правилници на Лина Данам, или Кејтлин Моран.
Исто така изгледа како да ужива во нејзината „ненамерност“. Цело време е на милост на мажите и машкиот поглед. Во еден момент, пишува и како, кога била на одмор на остров, сфатила дека заработувањето од слики од нејзиниот задник баш и не е некое моќно лувство. „Целиот океан се ширеше пред мене, а сепак се чувствував заробено.“
Проблематичен е и нејзиниот став кон сексистичките (и доста опасни, очигледно) машки промотери, букери и агенти што ги среќава. Од една страна ги осудува и ги критикува. А сепак, среќно ги прифаќа нивните услуги, како едно „бесплатно патување на Коучела… карти за фестивалот, сместување и превоз до пустината со автобус-лимузина.“ Како кога десетици холивудски актерки, во екот на #MeToo го осудија грозниот Харви Вајнстин и рекоа дека отсекогаш знаеле дека е манијак - а сепак си ќутеа додека им цветале кариерите. И многу од нас биле во такви ситуации, се разбира, но за разлика од Ратајковски, не очекуваме другите да нè сожалуваат што сме се ставале себеси на прво место.
Ратајковски може ја фалат од левицата што носи кроп-топови со името на Берни Сандерс, но како што ќе открие и „Моето тело“, не е таа никаков радикал. Сè е тоа позирање. Затоа и одобрувачки пишува за тишината и сервилноста на корејките што работат во спа-центарот што го посетува. И нејзиниот презир кон асистенти, шминкери и вработени што ги среќава секој ден е просто опиплив. Многу е јасно кон која класа се приклонува. Или, како што ќе му каже на нејзиниот (многу богат) сопруг, „кој го ебе капитализмот, но додека да пропадне, продолжи да се полниш со пари.“
Очигледно е дека Ратајковски сака читателите да помислат дека не ѝ е гајле што мислат другите за тоа што го користи телото да рекламира купачи или што го поминува поголемиот дел од животот вовлекувајќи го стомакот. Но, сепак ѝ е гајле. Поточно, како што „Моето тело“ покажува на секоја самобендисана страна, малку повеќе ѝ е гајле.