- Има еден необичен тренд на ставање на сексот во категорија „неинтересно“.
- „Пред да се одлучам за целибат, мислев дека ми одговара културата на мување и авантури за една ноќ,“ вели една 22-годишна девојка, Тејлор Пауел, за Јуесеј Тудеј. „Мислев дека не сакам да развивам чувства. Мислев дека и правам како што треба - како сите што прават,“ за на крај да сфати дека сексуалните средби ја мачат емоционално.
- Целибатот од религиозни причини се практикува одамна, но овој тренд на целибат доаѓа од луѓе кои бираат да прескокнат секс поради незадоволството од hookup културата, или од желба за емотивно залечување и личен развој.
- Пауел не е изолиран случај: На ТикТок, @billieemali добива над 100.000 лајкови на видео-дискусија за целибатот и текстот: „Јас, откако избрав целибат и не дозволив маж да ми го нарушува мирот и телото веќе повеќе од 8 месеци.“
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.