Ракометарите на Вардар во сабота од 20:15 го играат реваншот со Висла Плок, на кој ќе мора да бркаат негатива од шест голови. Раул Гонзалес вели дека неделава малку зборувале, а многу работеле на исправување на грешките.
Во првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ, ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Полска 32:26. Реваншот е во Скопје за седум дена, а Вардар ќе има мошне тешка задача да јa надомести негaтивaтa.
Денешната ждрепка во Виена, нашиот најпосакуваниот противник Данкерк му го однесе на ПСЖ, а Загреб се падна со Колдинг. Но Столе Стоилов смета дека ако го репризираат изданието против Рајн Некар, не им бега нов пласман во топ 8.
Единствениот македонски претставник во нокаут фаза од ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција, во осминафинале го доби најтешкиот од можните три противници.
По ланскиот епски триумф против европскиот првак Хамбург, македонскиот вицешампион му одржа ракометна лекција на уште еден бундеслигаш. Овој пат на колена е гигантот Рајн Некар, кој втор пат сезонава не можеше да излезе на крај со момците на Раул Гонзалес.
Со голема самоувереност и цврста игра, ракометарите на Вардар победнички ги завршија натпреварите на домашен терен во групната фаза и на едно коло до крајот се уште поблиску до втората позиција во групата.
За разлика од Вардар, Монпеље во сабота мора да оди на победа доколку сака пласман во следната рунда. Французите ќе играат без нивниот најдобар играч, Матеј Грабер кој е повреден. Гонзалес го почитува, но не се плаши од Монпеље.
Официјалниот сајт на СП Катар 2015 направи подробна анализа за нашата ракометна репрезентација, која утре по четврти пат во историјата ќе се појави на најголемиот светски ракометен собир.
На 6 февруари стартува гласањето за најдобар гол со цепелин во ракометната ЛШ, а во изборот ги има и ремек делата на вардарците Лазаров, Дибиров и Брумен. ЕХФ во меѓувреме ископа два историски погодока од архива од сезоната 2010/2011.
Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.
Двете интервенции во ист напад на голманот на Вардар против Рајн Некар и онаа на поранешниот голман на Металург против ПСЖ, влегоа во потесниот избор на ЕХФ кој состави листа на најдобри одбрани од првиот дел од сезонава во Лигата на шампионите.
Македонскиот вицешампион го доби и реванш дуелот против Чеховски Медведи во 8 коло од Лигата на шампионите и сега е уште поблиску до зацврстување на втората позиција во групата Ц.
По двата порази од Веспрем, македонскиот вицешампион славеше против Целје во седмото коло од Лигата на шампионите. Со оваа победа Вардар им го честиташе 15 годишниот јубилеј на Лојал фанс и се зацврсти на втората позиција во групата Ц.
Навивачката група Лојал Фанс ги поканува сите навивачи на ФК Вардар во недела да дојдат на Арената Филип II и заедно да го прослават јубилејот од 15 години постоење, како и есенската титула на нивниот омилен фудбалски клуб.
Во сабота во Скопје, Вардар го пречекува словенечкиот Целје во обид со нови два бода да ја завцрсти втората позиција. Играчите од клупа ќе добијат поголема минутажа во дуелот против клубот кој го изненади Рејн Некар во минатото коло.
Ракометарите на Вардар беа немоќни и во реванш дуелот против ланскиот учесник во фајнлфорот кој пред својата публика многу полесно излезе на крај со Црвено црниот тим.
Црвено црните во сабота со почеток од 19 часот го пречекуваат до сега најтешкиот противник во новата сала од кој беа поразени во СЕХА лигата во Унгарија.
Голманот на скопскиот клуб претходниот викенд беше исфрлен од српската репрезентација затоа што пијан се вратил во хотелот, а сега го казнија и во Вардар.
Во второто гостување сезонава, „црвено-црните" извлекоа реми (34:34) против Монпеље и сега имаат 3 победи и 1 реми во групата Ц. Вардарци стигнаа до бодот во последниот напад кој го реализираше Игор Карачиќ со што Скопјани се на чекор од пласман во следната фаза.
Македонскиот вицепрвак блесна во третото коло од најквалитетното клупско европско натпреварување, а на колена во „Јане Сандански“ падна германскиот вицешампион. Вардарци продолжуваат победнички во голем стил против конкурентот за врвот на табелата.
Македонскиот вицешампион в недела во „Јане Сандански“ ќе атакува на нова победа во третото коло од ракометната Лига на шампиони. Тимот на Рајн Некар е голем испит за Вардарци кои со евентуален триумф би направиле важен исчекор за врвот на табелата.