Полскиот тим Висла Плоцк е следниот противник на Вардарци во топ 16 фазата од Лигата на шампионите. Така сакаше денешната ждрепка во Виена, каде најмногу го посакувавме Данкерк од Франција, а потоа Загреб на Веселин Вујовиќ.
Четвртопласираниот тим од француското првенство му падна на ПСЖ кој е апсолутен фаворит во оваа француска пресметка, а Загреб ќе игра осминафинале против Колдинг, ланскиот противник на Металург во оваа фаза.
Ждребот донесе и германско дерби меѓу Кил и Фленсбург, а Кире Лазаров со Барселона ќе игра двочем против Алборг.
Првиот натпревар Вардар ќе го игра на гости во периодот меѓу 11 до 15 март, а реваншот во Јане Сандански ќе биде закажан меѓу 18 до 22 март.
Осминафинални двојки:
Ла Риоха – Веспрем
Монпеље – Кјелце
Алборг – Барселона
Фленсбург – Кил
Данкерк -ПСЖ
Висла – Вардар
Рајн Некар – Пик Сегед
Загреб - Колдинг