Првиот гол на натпреварот беше исвиркан во Јане Сандански, бидејќи го постигна Драган Гајиќ, репрезентативецот на Словенија кој постигна 9 голови на осминафиналето во Катар, кое Македонија не успеа да го мине.
По втората негатива на Вардарци од еден гол, Карачиќ, Дибиров и Токсиќ врзаа серија од три погодоци за водство од 4:2. Следуваше релативно неизвесен ракомет во кој нашиот тим го диктираше темпото, а ракометарите на Монпелје имаа од еден до два гола негатива.
Првото одлепување „црвено црните“ го имаа во 18 минута кога Тимур Дибиров реализираше два пати по ред и го донесе својот на тим на +4. Французите играа грубо во одбрана, но судиите тоа добро го следеа и често судеа седмерци.
Дибиров нанижа 8 погодоци во првиот дел, повеќето од пенал, а највисоките 16:11 во првите 30 минути ги постави Шишкарев во 25 минута. Солидната предност на полувреме ја одржа Чипурин кој својот прв гол го постигна во последната минута.
Истиот ракометар го отвори со погодок вториот дел за предност од +6 за Вардар. Монпеље не дозволи тоа да се претвори во нова серија и постигна три погодоци по ред.
Избраниците на Гонзалес доминираа и ја одржуваа предноста и во вториот дел, а максимумот кој го извади лидерот на француското ракометно првенства беше -2. Разиграниот Вардар само го одржуваше ритамот и со одлична игра во сите сегменти покажа кој е газда во Јане Сандански. Конечниот резултат беше 30:26.
Најдобар поединец на мечот беше Тимур Дибиров со 12 голови од кои седум седмерци. Доколку на утрешниот меч Рајн Некар слави над Чеховски Медведи, во последното голо гостувањето на Вардар во Германија ќе биде решавачко за втората позиција во групата.