Каталонците за малце ќе ја утнеа со Чави и прерано ќе го испуштеа, но го седнаа, му ја дадоа целосната поддршка и го убедија да остане во клубот каде има уште многу да дава. Да погледнеме снимка од тоа како ги мотивирал пред неговото деби.
Не било лесно и не се случило преку ноќ. Приказната за тоа како легендарниот Холанѓанец заминал во Каталонија, кулминирала на 13 август 1973-та. Но таа започнала многу време пред тоа со еден куп сопки.
Чави - Иниеста - Бускетс, легендарно и незаборавно трио на Барса. Бетон во среден ред, топка не им се земаше. Што ги поврзуваше тројцата? Паметот. Во најкуса верзија ќе ви покаже Серхио, а ќе ви каже Пеп.
Во тоа осминафинале, Барселона ги помести границите во фудбалот, затоа што никој претходно во нокаут фазата од ЛШ, не успеал да елиминира тим после пораз од 4:0. Три гола им дадоа во последните 7 минути. Кој ли веруваше?
El Chiringuito е најпозната емисија за спорт во Шпанија. Во неа реномирани новинари дебатираат, дискутираат сериозна тематика поврзана со шпанскиот фудбал и спорт воопшто.
Баварската машинерија води 3:0 и со 5 од 5 оди на победа и против Барселона, на која па очајно и се потребни 3 бода. Во меѓувреме од Минхен, одиме во Барселона:
И без Роналд Куман, Барселона нема со што да се пофали на првиот меч, освен со еден атрактивен гол. Одигра 1:1 против Алавес и им се повредија двајца важни играчи од кои едниот го однесоа во болница.
За да не ги помешате, бидејќи се близнаци, овој пат проектили во Јане пукаше Оливие, кој го носи дресот со број 6, а брат му Кевин е 10-ка и со Мешков експлодираше со 8 од 8. Со залет, од место, со скок пук, без скок. Браќања се спектакл за гледање.
Цврсти на гол, борбени во одбрана, самоуверени и паметни во напад и пред сè мотивирани. Вардарци го имаат рецептот за нови радости во Лига на шампиони, а по Мешков Брест, му покажаа кој е газда во Јане Сандански и на Алборг. Уживајте во најинтересни моменти од триумфот над данскиот противник (30:28).
Најголемиот бисер на Барселона и новата надеж, Ансу Фати пропушти скоро година дена надвор од теренот, па откако конечно се врати во екипата блесна и најави поубави денови за Каталонците.
Барселона синоќа се пресметуваше против Баерн Минхен со новото напаѓачко дуо Депај - Де Јонг, но без четворица во навала Агуеро, Дембеле, Фати и Брејтвејт, кои се повредени. Него за друг ни е муабетот.
Фразата „талент на генерација“ и „наследник на Меси“ веќе стана потрошена до крајни граници, но еден низок млад дечко со волшебна лева нога до толку ги натерал сите околу него да се вљубат во неговата игра што на 18 години доби понуда која е невозможно да се одбие.
Жерар Пике, капитенот на Барселона кој пред неколку дена се одрекнал од голем дел од платата, со цел клубот да може да ги регистрира новите засилувања, на своите профили на социјалните мрежи објави многу интересно видео. Пред 30 години, како мал го снимаат додека зема автограм од тогашната ѕвезда на Барселона, а сегашен тренер Роналд Куман.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
ЕХФ не ја заборави пантерската интервенција на Никола Митревски против Пиг Сегед и заслужено ја смести во најјаките на сезоната во Лига на шампиони. Погледнете го што направи, се фрли како Џиџи Буфон и со глава му ја фати.
Само два дена откако го загуби големото финале на Евролига, Барселона успеа да се опорави и со 84:74 да го совлада Хувентуд во првиот дуел од четвртфиналето на шпанскиот плејоф. Нашиот најдобар кошаркар Димитријевиќ постигна 16 поени со 3 асистенции и 1 скок за 18 минути на паркетот.
Кошаркарите на Ефес Пилсен по првпат во историјата го освоија највредниот трофеј во европската кошарка откако вечерва со 86:81 ја совладаа Барса. МВП на сезоната и на Фајнл Фор е Василије Мициќ кој растури и во финалето.
Полека се чистат чаурите кои ги испукаа неколку богати претседатели на европски клубови кои сакаа да се одвојат. Идеи за вакво нешто потекнуваат одамна, не се од вчера.
Пред неколку месеци раскажавме за капитенот на Уеска, Хорхе Пулидо кој на секој гостински меч излегува на теренот со уникатна капитенска лента околу рамето.
Пари Сен Жермен и Барселона одиграа 1-1 во реваншот од 1/8 финале на Лига на шампиони па францускиот шампион отиде во следна рунда со вкупен резулта 5:2.
И во ситуација кога нема живо пиле на најголемите светски стадиони, кога топката ќе удри во статива или пречка, се слуша хукот кој само може да замислиме каков би бил кога би имало 90.000 гледачи.
Комотно може да се каже дека ракометната секција на Барселона е можеби најдобриот колектив сезонава во сите екипни спортови во Европа. Каталонците имаат 13 победи на 13 меча во Лига на шампиони. Синоќа го совладаа Целје Пивоварна Лашко 29:32 во Словенија во меч во кој 30-годишниот Жига Млакар смисли нова одбрана.
Помирени со фактот дека кога играат против вонземјаниот само прашање на време е кога ќе ја извадат топката од мрежа, голманите кои бранат против Барселона размислуваат само тоа да биде што покасно во мечот. Вечерва во заостанатиот дуел со Елче, Меси даде 2 во 48' и 69'. Барса славеше 3-0, а на општо изненадување Меси му пријде на гостинскиот голман Едгар Бадиа да разменат дрес.
Ракометарите на Вардар го претрпеа и шестиот пораз во Лига на шампиони, откако вечерва минимално загубија 34-33 на гостувањето кај Пик Сегед во Унгарија.