Да не и фалеше случајно некој на Барса?

Барселона синоќа се пресметуваше против Баерн Минхен со новото напаѓачко дуо Депај - Де Јонг, но без четворица во навала Агуеро, Дембеле, Фати и Брејтвејт, кои се повредени. Него за друг ни е муабетот.

Дербито во првото коло од ЛШ заврши очајно лошо за Барселона. која за прв пат во историја дома губи три меча по ред во ЛШ и плус немаше удар во рамки на гол, што не им се случило 17 години.

На Твитер налетавме на едно видео кое сметавме дека треба да го споделиме. Не мора да ви кажуваме кој е, ќе го познаете од прва. 

И кога сме кај еден од најдобрите фудбалери или можеби најдобриот, кој на многу чкарт начин беше принуден да ја прекине долгата и верна љубов со каталонскиот клуб, да се потсетиме како мина претходното соочување на Барселона и Баерн Минхен на Камп Ноу.

Се работи за 6 мај 2015-та, денот кога Меси се претстави со едно од најстрашните изданија во ЛШ. Баерн беше совладан со 3:0, Меси даде два гола и им го испи мозокот.

Прво да му дадеме простор на незаборавниот гол, кога во дуел еден на еден го прати Боатенг на физикална терапија.

А потоа и задолжително се гледа овој моќен и еуфоричен пресек само со негови потези.

Колку моќни постави се ова.

Твитерот гореше таа ноќ.

Таа сезона 2014/2015, Барселона ги елиминираше во нокаут фаза Манчестер Сити, ПСЖ и Баерн Минхен, а во финале го совлада Јувентус.

Пусти Куман, како уште да не се свесен дека на Камп Ноу заврши една ера.

15 септември 2021 - 11:37