Ретко виден гест, Меси тргна да побара дрес од противнички голман

Помирени со фактот дека кога играат против вонземјаниот само прашање на време е кога ќе ја извадат топката од мрежа, голманите кои бранат против Барселона размислуваат само тоа да биде што покасно во мечот. Вечерва во заостанатиот дуел со Елче, Меси даде 2 во 48' и 69'. Барса славеше 3-0, а на општо изненадување Меси му пријде на гостинскиот голман Едгар Бадиа да разменат дрес.

24 февруари 2021 - 21:25