Чави во својата Барселона се врати на 6 ноември 2021-ва година на местото на Роналд Куман и потпиша договор до јуни 2024-та.
Веднаш по неговото пристигнување, имплементирал построги правила за играчите кои вклучувале повторно воведување казни, рано пристигнување на тренинг и следење на активностите на играчите надвор од теренот.
Дебитираше против Еспањол, инаку локално каталонско дерби пред кое спремил пар предизвици за играчите.
Тие не вклучувале само освојување на 3 бода, туку и уште нешто.
„За Божиќ се предвидени пет дена одмор. Ако победиме, ќе добиете уште еден и можете да одите во Дизниленд на пример. Да одморите со фамилиите, со швалерките, што сакате, ок? Вториот предизвик е, ако дадете два гола до 30-та минута ви плаќам вечера, каде сакате во Барселона“.
Инаку Барса славеше 1:0 и така Чави ја стартуваше тренерската кариера со победа во дербито.
Лапорта не ни преговарал со друг тренер откако Чаво во јануари изјави дека заминува по завршувањето на сезоната. Чекале да се предомисли.
🔵🔴 Barça president Laporta: “We did not discuss with any other manager as we were just waiting for Xavi to change his mind”.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 25, 2024
“Nothing was gonna happen with other coaches before the end of the season, the only priority was Xavi”. pic.twitter.com/JFok1r0GAa