За разлика од дуелот во Скопје кога фокусот беше повеќе на одбраната, и Пик Сегед и Вардар вечерва во Унгарија одиграа атмоски ракомет, а на крајот славеше домаќинот.
Ловро Јотиќ, Иван Чупиќ и Тимур Дибиров не дозволуваа Унгарците не само да не се размавтаат, туку и го носеа Вардар во позитива во првиот дел. Имаа црвено-црните 11-13, водеа и 14-15 а на полувремето некогашниот европски шампион имаше 17-19 благодарение на сјајната игра.
Старата болка од почеток на сезоната, вториот дел Вардар да го почнува бледо, се повтори и сега. Пик Сегед постигна три гола во серија, а Вардар цели осум минути беше без погодо, па Унгарците поведоа 28-21.
Тоа беше сигнал Алушовски да викне тајм-аут и да ја стабилизира екипата која со ракомет од првиот дел успеа да се врати на 28-26.
Познатото вардарово оружје, упорноста, одново излезе на виделина, па на 5 минути пред крајот со голот на Гаџа, Вардарци се вратија на 31-30 па завршницата беше драматична.
Вардар во последната минута имаше -1 (33-32) но Шеваљевиќ беше исклучен па скопскиот состав не успеа да се одбрани. На крајот Дибиров постигна утешен погодок за конечни 34-33.
Hazai pályán is legyőztük a Vardart! 👏 #molpickszeged #csakelőre #kékek #handballfamily
Posted by MOL-PICK SZEGED Kézilabdacsapat on Thursday, 18 February 2021
После 8 одиграни натпревари, Вардар има 6 порази во ЛШ и е последен во својата група. ПИК Сегед е 5-ти на табелата со скор 5-5 по 10 одиграни меча. Следниот меч македонскиот првак го игра во недела, во Скопје против норвешки Елверум.
Најефикасен кај Вардар беше Чупиќ со дури 9 гола, Столе Стоилов постигна 6, Јотиќ 5, а Калараш и Дибиров по 4. Робин Кантегрел беше играч на мечот со 14 интервенции кај ПИК Сегед. Во унгарскиот состав Бодо беше прв стрелец со 7 гола, а Радивојевиќ 6.