Голчиште на Депај, слалом на Алавес, проблеми со градите за Агуеро

И без Роналд Куман, Барселона нема со што да се пофали на првиот меч, освен со еден атрактивен гол. Одигра 1:1 против Алавес и им се повредија двајца важни играчи од кои едниот го однесоа во болница.

Каталонците одиграа незадоволително реми против Алавес, а двата гола на средбата паднаа во рок од 3 минути на стартот од второто полувреме.

Резултатот го отвори Мемфис Депај на мајсторски начин.

А го затвори Луис Роха кој изрежира убава акција.

На 5 минути пред крајот на првиот дел Серхио Агуеро се пожали нешто кај градите и легна на терен, а на полувреме побарал да биде заменет.

Се појави снимка како го изнесуваат со амбулантно возило. Според првичните информации замената ја побарал поради вртоглавица. 

Во 70 минута мечот поради повреда го напушти и Пике.

Следната пресметка на Барса е во вторник во Лигата на шампиони каде му гостуваат на Динамо Киев. 

30 октомври 2021 - 23:00