По три неуспешни обиди, ракометарите на Вардар успеаа да се пласираат онаму каде што сонуваа и тие и навивачите, во големата четворка на европскиот ракомет. Флензбург не мрдна во Јане Сандански и се соочи со одмазда од 2014-та.
Како никогаш досега ракометарите на Вардар имаат одлична шанса за пласман на Ф4, откако од Германија во Скопје донесоа +2 гола предност пред реваншот со Флензбург.
Македонија сигурно е единствената земја во светот каде најмладиот рекордер кој дебитирал во првата Супер лига имал неполни 10 години и играл со ветерани кои во тој момент можеа да му бидат дедовци, не татковци.
Фудбалерите на Шкупи и Вардар се сретнаа во дербито на колото во македонскиот шампионат кое мина во знакот на една провокација, идентична како онаа во Белград пред три години кога навивачите се тепаа со играчите.
На реваншот против данскиот Мидтјиланд ракометарките на Вардар славеа 26-24 и обезбедија пласман на турнирот Ф4 каде ќе атакуваат на титулата европски првак.
Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација наполни 55 години, а фудбалерот на Вардар, Горан Попов го грабна микрофонот и покажа како се слави роденден.
Вардар со 3:1 го победи Пелистер во големото дерби откако даде три гола во првиот дел од мечот. Третиот гол на Тигран Барсегјан е погодок каков долго не сме виделе на домашните терени.
Нема навивач на ФК Вардар од 80-те па и од помладите, кој не се навраќа со носталгија во времето кога Кобра ги полнеше мрежите и стана мета на најголемите клубови од Европа. Во чест на денешниот кам бек во таборот на Црвено – црните се навраќаме на неговите блескави денови од младоста.
Управниот одбор на РФМ денеска одлучи за наследник на Лино Червар да го назначи тренерот на РК Вардар кој ќе потпише договор на селекторската функција до 2020 година.
Праксата на новиот селектор Игор Ангелосвки да им дава шанса на младите фудбалери ќе продолжи и на пријателската против Белорусија која утре се игра од 18 часот во Скопје.
Македонската фудбалска репрезентација по цели шест години оствари победа на гостински терен. Вечерва во Вадуз, „црвено-жолтите“ го добија Лихтенштајн 0:3 (0:1) и ги освоија првите три бода во групата Г.
Во полното сандаче со тикети кои ни ги праќате, ни залутал еден од пред месец и пол кој не сме го забележале. Се работи за пријателска средба меѓу рускиот прволигаш Терек и ФК Вардар.
По повод 22 март, Светскиот ден на водата признаен во Обединетите Нации, и спортот има што да каже. Незаборавни и епски моменти на силен град кои не ги спречија спортистите да тераат по свое.
Колку и да му лутиме што си оди прерано од репрезентацијата, сепак на магионичарот од Умаг треба да му се поклониме за сработеното во македонскиот ракомет. Тешко дека ќе имаме повторно привилегија стручњак од ваков ранг да задржиме 8 години во ракометен шампионат кој се игра во сали по физичко.
Ракометарите на Вардар го совладаа Кристијанштад и стигнаа до 10-та победа во групната фаза од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак на својот јубилеен меч во групната фаза, стана првиот клуб кој успеа директно да се пласира во топ 8 фазата од најелитното клупско натпреварување.
Во можеби најлесниот натпревар сезонава, на домашен терен Вардар го победи Турингер 36-26 и во мир ќе замине на паузата пред четвртфиналните дуели. Таму или ќе одат во Данска или во Романија.
Давид Дејвис кој беше во стручниот штаб на машката ракометна екипа, па ја замени Индира Кастратовиќ на клупата во женскиот клуб, побарал да се врати на старото место.
Не само што го загубија првото место од Ференцварош во групата, туку и првпат во Лигата на шампионите примија повеќе од 40 гола. Мец - Вардар 42:28 (19:16).
Ракометарите на Вардар ја прекинаа серијата од три победи по ред во Лигата на шампионите и со овој пораз од Мешков Брест само го одложија денот на заверување на визата за топ 8 фазата.
Давид Дејвис менуваше дури три голманки (Амандин Лејно, Ина Суслина и Мајсу Песоу) но 32-годишната Катарина Булатовиќ вечерва беше неверојатна и со 14 гола ја прекина победничката серија на Вардарки. 28:31 (16:17).
Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа Целје 35:30 во 12. коло од групната фаза на елитната лига и на две кола пред крај има големи шанси директно да се пласира во четвртфиналето.
Во дуелот од 11. коло од Лигата на шампионите, Вардар на гостински терен го совлада Пик Сегед 21-23 (11-12) и се зацврсти на првото место во групата Б.
Италијанскиот Скај Спорт се навраќа на оние играчи кој од овие или оние причини, дошле како метеори но мистериозно не успеале во Серија А. Први во редот се Панчев, Роби Кин и Египѓанецот Мидо, а на листата е и некогашниот страшен талент од Струмица.